Home · Contact · e-Mail · Избери јазик: MK · ALB · EN 
F O N   U N I V E R S I T Y
F I R S T - P R I V A T E - U N I V E R S I T Y - I N - R. M.
   
 


Students

» e-Learning
»
» Forum
» Radio
» Student Organization
» Centre for Development and Carreer
» Practical Work

е-Учење

Системот за е-учење на ФОН Универзитет наменет е да послужи како дополнително средство во наставниот процес кој се одвива на Универзитетот, да биде од помош на професорите и студентите.

Линк до системот: learning.fon.edu.mk
Креирајте корисничка сметка
Правилник за работа со системот
Упатство за професори и асистенти
Упатство за студенти
Прашања и помош за системот: learning@fon.edu.mk

Што е е-Учење?

е-Учење е виртуелна електронска алатка за учење, која во одреден дел го заменува и потпомага стандардното учење. Системот за е-Учење овозможува изработка на курсеви за предметите, поставување на материјали за учење, планирање на курсевите – распоред на активностите, календар, работа со образовни материјали (датотеки) и образовни содржини, проверка на знаењето и оценување на студентите, многубројни алатки за комуникација и соработка помеѓу корисниците и др.

Бенефиции од системот

Студентите имаат постојан пристап до предметите и материјалите преку Интернет, во било кое време и од било кое место. На системот, студентите може да прегледуваат книги, да симнуваат датотеки поврзани со предметот како предавања, вежби, презентации. Имаат можност за тестирање, поставување на семинарски и домашни работи, разгледување на мултимедијални содржини. Овозможен им е брз пристап до информациите за предметот: новости, настани, резултати и слично. Со алатките за соработка и комуникација, овозможено им е комуницирање со професорите и асистентите, како и соработка помеѓу студентите во процесот на учењето.

Книги во електронска форма

Системот за е-учење е место каде студентите освен материјалите поврзани со предметите кои ги изучуваат, можат да ги најдат и книгите за соодветните предмети. Книгите на системот се поставени во електронски формат и се бесплатни за сите студенти.




 

На ФОН Универзитетот е креиран амбиент во кој студентот е во центарот на вниманието преку ставање на акцент на индивидуалниот развиток , но и на тимска работа и развиток на интерперсоналните вештини.



 


 

© First private university in RM - FON University 2010