Меѓународна соработка

Освен во сферата на наставата и едукацијата, активностите на ФОН Универзитетот се насочени и во следење на модерните европски и светски трендови кои подразбираат отвореност во комуникацијата, создавање простор за меѓународна мобилност на студентите, мобилност на наставничкиот и соработничкиот кадар преку размена во рамките на високообразовните институции, размена на студиски програми, учество во меѓународни проекти финансирани од ЕУ, организирање на заеднички симпозиуми, советувања и слични активности со други високообразовни институции како од Република Македонија, така и од Европа и пошироко. Во таа насока, ФОН Универзитетот има склучено договори за соработка со низа реномирани универзитети, факултети и институти од земјата и од странство, а покрај склучените договори, во тек се преговори за воспоставување на соработка и со други домашни и странски високообразовни установи.

Преглед на позначајните склучени меѓународни договори:

Преглед на позначајните договори склучени со високообразовни институции од Република Македонија:

  • Универзитет "Свети Кирил и Методиј"- Скопје
  • Универзитетот "Свети Климент Охридски"- Битола
  • Универзитет "Гоце Делчев"- Штип
  • "Њујорк Универзитет"- Скопје
  • "Интернационалниот Балкански Универзитет"- Скопје
  • "Медицинскиот факултет"- Скопје
  • Државен универзитет од Тетово
  • Универзитет за информатички науки и технологии "Свети Апостол Павле"- Охрид.
  • Министерството за одбрана на РМ
  • Министерството за труд и социјална политика
  • Министерството за внатрешни работи
  • Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ
  • Министерството за информатичко општество
  • Министерството за транспорт и врски
  • Музеј на Македонија
  • Сите приватни Универзитети кои се членки на Ректорската конференција на приватни универзитети (Прв приватен универзитет - ФОН, Европски универзитет - РМ, Универзитет на Југоисточна Европа од Тетово, Универзитет Американ Колеџ - Скопје, Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје, Универзитет Њујорк од Скопје, Меѓународен Балкански универзитет од Скопје)

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?