Историјат

Се родивме 2003 како Факултет за општествени науки ФОН. Денес сме ФОН Универзитет, прв приватен универзитет, репер за современото високо образование во европски рамки. ФОН Универзитетот е комплетна институција која оди во чекор со современите светски едукативни трендови и своето име го гради врз цврстите темели на најквалитетниот стручен кадар од државата и надвор, притоа користејќи ги сите модерни средства и методи за едукација.

Нашата цел е создавање вистински професионалци, секој во својата сфера, подготвени да се соочат со сите предизвици на бизнис секојдневието. Низ овие години на постоење успеавме да го докажеме нашиот квалитет и да ја стекнеме довербата на младата популација, градејќи го истовремено брендот и традицијата што се вика ФОН-Универзитет.

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?