Департман во Струмица

Согласно одлуката на Претседателот на универзитетот и ректорската управа почнувајќи од академската 2009/2010. Универзитетот ФОН започна со дисперзирање на своите студии во Струмица.

Во напорите кон создавање на регионални центри на образование. Струмица е одбрана како град во кој што се сретнуваат 3 држави, а истовремено е и поднебје кое е од витално економско значење за државата.,/p>

Струмица е град во југо-источниот дел на Република Македонија и со своите 35 311 жители претставува најголем културен, трговски и политички центар во овој регион.Одделението во Струмица функционира во нов кампус од над 3000 м2, комплетно дигитално поврзан со кампусот во Скопје, како и центар во којшто секојдневно наставата ја одржуваат професорите и асистентите од другите одделенија на ФОН.

Во моментов наставата во Струмица се изведува на Македонски и Англиски наставен јазик. А присутни се следниве факултети:

  • Правни науки
  • Економски науки
  • Применети странски јазици
  • Детективи и безбедност

Контакт телефон: (034) 320-250

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?