Порака од претседателот

Изборот на универзитет и на факултет е една од најзначајните одлуки во животот на секој човек. Сите млади луѓе со право си го поставуваат прашањето каде да се здобијат со планираната академска титула и притоа да имаат ниво на знаење и на оспособеност кое гарантира успешна животна кариера.

Сигурни сме дека ФОН Универзитетот преку современиот начин на настава и на интерактивна работа со студентите во духот на Болоњската декларација на Европскиот кредит трансфер систем успешно ги остварува целите и задачите на квалитетна и на модерна високообразовна институција. Наше мото е дека студентите се субјекти на образовниот процес и дека сите студиски програми и наставни средства се во функција на потребите на студентите. Потврда за исправноста на овие наши определби се успесите што ги постигнуваат нашите студенти и високиот рејтинг на ФОН Универзитетот во академските кругови на Република Македонија и пошироко.

Ако саката да бидете дел од оние што успеале во животот станете студент на ФОН Универзитетот. Со тоа ја отворате можноста да ја изградите својата иднина како афирмиран припадник на бизнисот, на институциите и на организациите во европскиот и во светскиот деловен систем.

Вашиот избор и довербата во понудените услови и програми на ФОН Универзитетот е ваша животна шанса. Искористете ја и оспособете се за вашата идна кариера и живот.

Искрено ваш
м-р Фијат Цаноски

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?