Организација

Зошто да се студира на ФОН Универзитетот?

проф. д-р Симе Арсеновски

Студирањето на ФОН Универзитетот е поинаку базирано од студирањето на другите универзитети. На овој универзитет се поаѓа со идејата дека универзитетското оспособување на младите студенти не се сведува само на книги, читање, пошување и на изработени проекти. Тоа е поврзано и со активно учество на студентите во наставата и во нивните активности за лично интелектуално созревање. Како што тоа бидува тоа во обичниот живот, од вашата ангажираност зависи колку ќе добиете од универзитетските години. На ФОН Универзитетот се нудат голем број алтернативи, упатства и можности да се оспособите за своите идни професии и да бидете успешен човек во животната кариера. Затоа ФОН Универзитетот е вашиот најдобар избор.


Како изгледа студирањето на ФОН?

Генерален менаџер м-р Сефер Цаноски

Вашите универзитетски години се време кога инвестирате во Вашата иднина. Вашите академски залагања и активното учество во наставниот процес ќе Ви помогнат во развојот на Вашиот интелект. ФОН универзитетот ќе ви понуди начини и средства со кои ќе се оспособите за Вашата избрана кариера. Студентските активности го шират Вашиот интелектуален и деловен хоризонт. Можностите за интерактивност, дружење, клубовите, забавите и за другите содржини на студентскиот живот, како и студентските публикации на Универзитетот. ќе Ви овозможат натаму да ги развиете своите таленти и евентуално да откритете нови таленти во себе.

Вложете ги времето, умот и духот во ФОН Универзитетот и уживајте во одните животни благодети што ќе произлезат од Вашиот несебичен труд и од посветеноста во студентските денови. Ние го следиме и го потпомагаме секој Ваш чекор на тој пат.

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?