За нас

ФОН е првиот приватен универзитет во Република Македонија, формиран во 2002 година. Според својот капацитет, тој е еден од најголемите универзитети на Балканот. Станува збор за комплетна институција, која оди во чекор со современите светски едукативни трендови и своето име го гради врз цврстите темели на најквалитетниот стручен кадар од земјата и од странство, користејќи притоа модерни средства и методи на едукација.

Секој млад човек со право си го поставува прашањето каде да се здобие со посакуваната академска титула и дали ќе добие знаења и оспособеност што гарантираат успешна професионална кариера. Следејќи ги најновите европски трендови во високото образование, ФОН Универзитетот е вистинската порта низ која ќе зачекорите во општеството, спремни да се соочите со предизвиците на модерната бизнис и општествена клима.

Имајќи предвид дека изборот на факултет е една од најзначајните одлуки во животот на секој човек, ФОН Универзитетот се ориентира кон остварувањето академската цел на секоја индивидуа. Нашата цврста определба ја темелиме врз идејата да изградиме целокупен производ, кој покрај стандардниот академски тренинг и знаење, кај студентот ќе создаде вредности и квалитети со кои поедноставно ќе се вработи и со кои ќе биде подготвен веднаш по самото дипломирање да го заземе своето место во општеството. Ние се стремиме кон создавање вистински професионалци, подготвени да се соочат со сите предизвици на секојдневието. Низ овие години на постоење, успеавме да го докажеме нашиот квалитет и да ја стекнеме довербата на младата популација, градејќи го истовремено брендот и традицијата што се вика ФОН Универзитет.

Вашите универзитетски години се време кога инвестирате во вашата иднина. Вашите академски залагања и активното учество во наставниот процес ќе ви помогнат во развојот на вашиот интелект. ФОН Универзитетот ви нуди начини и средства со кои ќе се оспособите за вашата избрана кариера. Студентските активности го шират вашиот интелектуален и деловен хоризонт. Можностите за интерактивност, изведување практична работа, дружење, учества во дебати и работилници, подготвување проекти од различен вид, студентските публикации, па дури и забавите, заедно со другите содржини на студентскиот живот, ќе ви овозможат да ги развиете своите таленти и евентуално да откриете нови таленти во себе. Нам ни е важно студентите во текот на својата академска кариера да се здобијат не само со формално знаење туку и со неформално дополнување на нивното ЦВ, преку серија тренинзи во нашата земја и пристап на преку 300 конференции и семинари во повеќе од 42 европски земји.

Првиот приватен ФОН Универзитет во својот склоп има осум факултети и два во фаза на акредитација. Се студира по принципот на Болоњскиот процес и со примена на Европскиот кредит трансфер-систем.

Тој претставува:

  • Мултикултурен центар за квалитетно образование со свои уникатни и применети средства и помагала за учење;
  • Ново за Македонија, универзитетот како место кое го стимулира учењето, дружењето, творењето по вертикала, но и по хоризонтала;
  • Отворено пратнерство студент, професор, асистент;
  • Традиционално учење, активност во наставата, менторски приод, предавања во мали групи;
  • Административна служба која помага во координирање на обврските од студентите, квалитетни предавања;
  • Специјални проекти за специјално применето образование;
  • Квалитетни предавања според најновите методолошки тенденции.

Одберете го вистинскиот факултет! ФОН е вашиот ултимативен избор.

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?