Департман во Струга

Во рамките на ФОН Универзитетот освен одделните факултети со одредени насоки, постои и посебно одделение или центар во градот Струга.

Ова одделение функционира уште од 2003 година со отпочнувањето со работа на ФОН. Во рамките на ова одделение, уште од почеток беше организирана настава според програмите на сите факултети при овој универзитет. Бидејќи Струга се наоѓа во југозападниот дел на Македонија до границата со Република Албанија, во одделението во Струга следат настава и студенти од оваа соседна земја претежно од Подградец, околината на Корча, Драч и Тирана.

Како за наставата на македонски, така и онаа на албански јазик, универзитетот има ангажирано наставен кадар со сите потребни квалификации. Дел од нив се ангажирани по принципот на доверена настава или како визитинг професори со преспектива од почетокот на новата академска година да преминат во редовен работен однос.

Со оглед на изложеното, одделението во Струга во иднина има изгледи да стане вистински универзитетски центар на Југозападна Македонија.

Контакт телефон: 046/785 045

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?