Факултет за правни науки

Правничката професија е една од најафирмираните и најреномираните професии во општеството. Таа е поврзана со заштитата на двете најврени нешта во општеството: животот и имотот на луѓето. Заради тоа интересот за студирање на правните науки секогаш е огромен. Правничката професија е поврзана со широк спектар на занимања во деловниот свет, како и во голем број други институции од сферата на правосудството, државната управа, институциите на ЕУ, ООН и слично. Цел на факултетот за правни науки при ФОН Универзитетот е на своите студенти да им овозможи најдобри услови за нивно квалитетно едуцирање во областа на правото преку секојдневна комуникација со наставничкиот и со соработничкиот кадар и интерактивно учество во наставниот процес. Оваа цел факултетот ја остварува преку кадровска, организациска и просторна подготвеност. Во наставниот процес учествуваат врвни експерти од правната наука и правната практика, Покрај обврската за интерактивно учество во наставата, студентите партиципираат и во научноистражувачкиот процес. Примената на стандардите на Болоњската декларација и на Европскиот кредит трансфер систем, им овозможува на студентите на Факултетот за правни науки да се вклучат во наставата на други универзитети во Република Македонија и надвор од неа.

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?