Дома · Контакт · e-Mail · Избери јазик: MK · ALB · EN 
Ф О Н   У Н И В Е Р З И Т Е Т
П Р В - П Р И В А Т Е Н - У Н И В Е Р З И Т Е Т - В О - Р . М .
   
 


Факултети

» Правни науки
» Економски науки
» Информациско-комуникациски технологии
» Дизајн и мултимедија
» Филолошки науки
» Политички науки, дипломатија и новинарство
» Детективи и безбедност
» Спортски менаџмент

Факултет за правни науки

Наставен кадар
Студиски програми - прв циклус (додипломски студии)
2005-2006-2007, 2007-2008-2009, 2009-2010
Студиски програми - втор циклус (постдипломски студии)
2005-2006-2007, 2007-2008-2009, 2009-2010

Правничката професија е една од најафирмираните и најреномираните професии во општеството. Таа е поврзана со заштитата на двете најврени нешта во општеството: животот и имотот на луѓето. Заради тоа интересот за студирање на правните науки секогаш е огромен. Правничката професија е поврзана со широк спектар на занимања во деловниот свет, како и во голем број други институции од сферата на правосудството, државната управа, институциите на ЕУ, ООН и слично. Цел на факултетот за правни науки при ФОН Универзитетот е на своите студенти да им овозможи најдобри услови за нивно квалитетно едуцирање во областа на правото преку секојдневна комуникација со наставничкиот и со соработничкиот кадар и интерактивно учество во наставниот процес. Оваа цел факултетот ја остварува преку кадровска, организациска и просторна подготвеност. Во наставниот процес учествуваат врвни експерти од правната наука и правната практика, Покрај обврската за интерактивно учество во наставата, студентите партиципираат и во научноистражувачкиот процес. Примената на стандардите на Болоњската декларација и на Европскиот кредит трансфер систем, им овозможува на студентите на Факултетот за правни науки да се вклучат во наставата на други универзитети во Република Македонија и надвор од неа.




 

Еминентни професори од европскиот институт од Ница почнаа да држат предавања на универзитетот ФОН. Како постојани визитинг професори, своите знаења од областа на Европската унија, ќе им ги пренесуваат на студентите, кои благодарение на договорот потпишан меѓу двете институции ќе можат да одат и на постдипломски студии во Ница.



 


 

© First private university in RM - FON University 2010