Факултет за странски јазици

Ги сакате странските јазици? Имате ли намера да почнете свој сопствен бизнис, да го развивате Вашиот семеен бизнис, да работите во управата или во логистичката поддршка на претпријатија чија дејност е увозот и извозот, да бидете претставник на странско претпријатие во нашата земја, претставник на домашно претпријатие во странство, во администрацијата на државно или на локално ниво, да... со еден збор сакате да дипломирате на: странски јазици и бизнис или да се се здобиете со звање специјалистички мастер по меѓународна трговија.

Ве интересираат странските јазици, науката за јазикот, образованието, наставата по странски јазици на сите образовни нивоа, преведување на кножевни и на стручни текстови од странски на македонски јазик и обратно, со еден збор, сакате да бидете: професор по англиски јазик или да здобиете звање специјалистички мастер по пореведување.

Барате нешто ново во високообразовната понуда во Р. Македонија каде се изучуваат странските јазици во функција на разновидни работни места; каде што практичното оспособување на студентите преку преку стажирање во училишта, во домашни и во странски претпријатијам каде што подиучувањето на студентите за реализирање на нивните лични професионални проекти се еден од врвните приоритети на вработените.

Факултетот за филолошки науки при Првиот приватен ФОН Универзитет би го нуди токму тоа!

Тој ви нуди интердисциплинарни студии по англиски јазик (и други јазицв по ваш избор) по применета информатика, комуникологија и студии со исто значење по економија, менаџмент, маркетинг, трговско право и други правни дисциплини од оваа област со практична работа во домашни и странски претпријатија.

Тој ви нуди изучување на англискиот јаизк како прв главен предмет со втор странски јазик по ваш избор; трет странски јазик како избран предмет или изучување на македонскиот, на албанскиот, како немајчин јазик;информатика, теорија и практика на комуникации, интеркултуролошка комуникација, цивилизација на странски јазик, книжевност...

Притоа: Вашиот првичен избор можете да го промените низ хоризонтална проодност. Студиите се организирани според Европскиот систем за пренесување и акумулација на кредити(ЕКТС) со структура на студиите 4+1. Вашата активност на ФПСЈ постојано се следи и се вреднува. Тоа ви овозможува семестрално завршување на вашите испитни обврски. Теоријата се поврзува со практиката што ви овозможува подготвен да се јавите на работното место.

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?