Факултет за детективи и безбедност

Факултетот за детективи и безбедност е едниствена образовна институција од ваков вид во Република Македонија и Балканот. Оваа дејност добива високи академски теориски и практични стандарди во формирањето на кадрите за оваа професија, која станува се повеќе актуелна во современиот социјален и деловен живот.

Факултетот не само што оспособува професионалци за потребите на приватниот сектор, туку ќе даде дипломци кои низ строги и специфични критериуми на етичките, тоериските и стручните барања на оваа професија еднакво ќе можат да бидат искористени и во сферата на јавниот сектор.

Со оглед на едукацијата и на предметното портфолио на факултетот нашите студенти ги задоволуваат критериумите не само во национални рамки туку и пошироко, а со оглед на глобалните безбедносни закани ја ставаат оваа професија во редот на најбараните и најатрактивните професии на меѓународен план, бидејќи светот одамна заклучи дека безбедноста, мирот и војната немаат граници.



Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?