Проект за модернизација на образование

ФОН Универзитет е активно вклучен како поддржувач и реализатор на голем број домашни и меѓународни проекти поврзани со образованието од самото негово основање. Во нив се вклучени професорите и асистентите од ФОН Универзитет, а еден дел од активностите изведуваат и студенти и надворешни соработници. Успешната реализација и големиот број проекти се потврда за квалитетот на услугите кои ги нуди ФОН Универзитет.

Врз основа на Јавниот повик за програми и понудувачи на обука и услуги за обука на наставници во основното образование објавен во дневните гласила од страна на Министерство за образование и наука (МОН) и Бирото за развој на образованието (БРО), ФОН Универзитетот на 26.05.2009 ја достави својата понуда за програми, организација и реализација на обуките во Бирото за развој на образованието. Во состав на понудата беа содржани и апликациите на 360 пријавени обучувачи од сите наставни области кои ги покриваа предметните области објавени во Јавниот повик.

Комисијата за избор и советување на понудувачите на услуги изврши евалвација на понудите и го избра ФОН Универзитетот како понудувач на услуги за следните теми:

  • Тема 1. Стратегии и техники на подучување и учење
  • Тема 2. Методи и постапки за планирање на наставата и вреднување и оценување на постигнувањата на учениците
  • Тема 3.2. Поттикнување тимска работа и соработка меѓу наставниците
  • Тема 4.1. Вештини на комуникација
  • Тема 4.2. Тимска работа
  • Тема 5. Примена на ИКТ
  • Тема 6.1. Образовни технологии за работа со талентирани ученици во областа на природните науки
  • Тема 7.1. Училишно партнерство - одржлив развој

Во реализација на проектот учествуваа лица од составот на ФОН Универзитетот и соработници од други институции како акредитирани инструктори, а во непосредно раководење со реализација на проектот учествуваа:

  • Проф. Д-р Симе Арсеновски, универзитетски координатор
  • Доц. Д-р Славчо Чунгурски, директор на Проектот
  • Проф. Д-р Ристо Малчески, програмски координатор за темите 1, 2 и 6.1
  • Проф. Д-р Роберт Димитровски, програмски координатор за темите 3.2, 4.1, 4.2 и 7.1
  • Проф. Д-р Иван Краљевски, програмски координатор на темата 5
  • Асс. М-р Ѓорги Какашевски, асистент за инфо-систем
  • Лектор Сандра Поповска, асистент на Проектот

ФОН Универзитетот за 8 - те теми беше избран од страна на 98 основни училишта со вкупно 136 групи и вкупен број на пријавени наставници 1968 од кои 1774 се пријавиле за обуки на македонски јазик и 194 за обуки на албански јазик.

Обуките беа реализирани во 24 различни центри за обука на целата територија на Република Македонија.

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?