Факултет за информатика
Акредитации:

Развитокот на информатика секојдневно предизвикува промени во начинот на живеењето на луѓето во модерното-информатичко општество. Ваков динамичен раст и развој на информатиката и нејзината примена во сите аспекти во работата и на животот на луѓето внесува потреба од висококвалитетен и обучен кадар од областа на информатичката технологија, способен да одговори на предизвиците на својата професија.
Факултетот за информациско-комуникациски технологии образува кадри способни да покажат познавања, професионалност и експертиза во дисциплините компјутерска наука, системско инженерство, софтверско инженерство и компјутерски комункации.
Мисијата на факултетот е овозможување комплетна образовна и научна средина во која се изведува современа и квалитетна настава како примарна цел за подготовката на студентите за успешна кариера, постдипломски студии и доживотно учење. Образовниот процес се изведува преку настава со користење на современа технологија, овозможување на практично искуство на студентите, обноввуање на професионални вештини и бази на знаења, размена на активности и на знаење со други стручњаци.
Факултетот за ИКТ подготвува инженери по информациски и комуникациски технологии со четири основни специјалности: софтверско инженерство, системско инженерство, компјутерски мрежи и комуникации и администрација на бази на податоци. Студиите се организирани по модел 3+1+1 каде што основните студии имаат времетраење од 3 години. Профилирањето на специјалностите се изведува преку избирање на групи изборни предмети организирани во модули. На тој начин на студентот му е овозможен пофлексибилен и поефикасен избор на соодветни предмети релевантни за определна дисциплина и можност да се произнесе во стручњак за определена област од информатиката.
По завршувањето на 3-те години, студентите се здобиваат со звање дипломиран инженер по Информатика. Оние кои ќе ги продолжат студиите за уште една година се здобиваат со звање дипломиран инженер по информациски и комуникациски технологии. Постдипломските студии ја опфаќаат 5-тата година и се составени од области кои го оспособуваат кандидатот за самостојна научноистражувачка работа од областа на компјутерските науки. По одбраната на магистерскиот труд, кандидатот се здобива со звање магистер по информатика.
