Факултет за спортски менаџмент

ДОБРЕДОЈДОВТЕ

Задоволство ни е да Ве запознаеме со Факултетот за спортски менаџмент при Универзитетот ФОН – Скопје, првата високообразовна институција во Република Македонија која има за цел едукација на дефицитарниот профил – спортски менаџер.

Почитувани читатели, идни студенти, пријатели...Се надеваме дека преку ова наше обраќање ќе најдете се што Ве интересира за нашите стручни студии по спортски менаџмент, ќе ја запознаете нашата програма, просторните услови, опремата и условите за студирање. За сите останати информации повелете на нашата веб страна (www.fon.edu.mk) или обратете се лично.

Уверени сме дека Факултетот за спортски менаџмент ќе ви ги овозможи сите потребни знаења, вештини и компетенции, кои утре Ви го гарантираат успехот во деловниот свет на спортскиот менаџмент и во сите други сродни сегменти во општеството.

Со почит,
Наставниот кадар на
Факултетот за спортски менаџмент

Зошто спортски менаџмент?

Спортот, како во глобални така и во локални рамки, е значајна и брзо – растечка индустрија, која бара професионалци во сите сфери на нејзиниот менаџмент. Факултетот за спортски менаџмент нуди уникатна програма на додипломски и последипломски студии која ќе ве подготви за бројни работни можности во денешната динамична спортска индустрија без разлика дали вашите интереси лежат во управувањето со корпоративни спонзорства, спортски организации, организација на спортски манифестации, промоција на нови спортски гранки, политика на спортски развој....

Преглед на студиската програма

Програмата на студиите на Факултетот за спортски менаџмент е заокружена целина наменета за едукација на кадри кои управуваат со спортски организации, спортски менаџери – застапници на спортисти, како и вклучување на спортистите по завршување на нивната професионална кариера во деловниот свет.

Компетенции стекнати со студирањето

Со завршуавњето на студиите на Факултетот за спортски менаџмент дипломираниот студент стекнува високостручна и професионална способност во спортскиот менаџмент со темелни теоретски, методолошки и апликативни знаења во областите на:

  • Спортски менаџмент
  • Спортски маркетинг
  • Спонзорски односи и продукција на спортски манифестации
  • Спортско брендирање
  • Управување со спортски објекти
  • Спортски туризам

Можности за вработување

Дипломираниот спортски менаџер својата професионална реализација ја остварува во:

  • Администрација на спортски клубови
  • Агенција за млади и спорт
  • Национални спортски федерации
  • Општински спортски сојузи
  • Маркетинг агенции
  • Спортско – рекреативни организации
  • Менаџирање со спортски комплекси и спортски содржини во хотелски ресорти, кампови
  • Менаџирање со велнес и спа центри
  • Менаџирање со спортски школи за скијање, пливање, параглајдерство, падобранство, одбојка, ракомет, фудбал и многу други.

Студентска пракса

За време на студиите студентите имаат задолжителна пракса при организација на спортски манифестации, во спортските клубови, федерации како и владини тела одговорни за спорт под стручен надзор од професори – ментори. На тој начин студентите директно се вклучуваат во секојдневните активности и проблемски прашања во функционирањето на истите, се запознаваат со специфичноста на управувањето и администрацијата, стручната работа на тренерот и спортистите, како и секојдневно присуство на тренинзи од секаков тип со цел поконкретно запознавање со различните спортови.

Зависно од контактите кои ФОН Универзитетот ги има остварено (или се во тек) со други Високо - образовни институции во и надвор од Македонија, како и успешни спортски организации, каде што најдобрите студенти ќе имаат можност да спроведат дел од својата пракса при што ќе се здобијат со драгоцено искуство во градењето на својата идна кариера.

Центар за кариера

Центарот за кариера при ФОН Универзитетот уште во текот на студирањето посредува при вработување на студентите. Вклучувањето непосредно во работата на спортските организации низ секојдневните средби, студентите ќе воспостават контакти со спортистите, административните и раководни лица, што ќе им биде од голема корист при нивното вработување после дипломирањето. Низ својата пракса студентите работејќи на конкретни проблеми ги применуваат своите стекнати знаења и развиваат потребна вештина, бидејќи спојот на формална едукација и работни искуства стекнати уште за време на студирањето е најдобра гаранција за создавање на идна успешна кариера.

Гости предавачи

Признати македонски спортисти и стручни лица од областа на спортот земаа учество како гости предавачи во теоретскиот и во практичниот дел на наставата.

Помеѓу останатите би ги истакнале: Индира Кастратовиќ, Владимир Богоевски, д-р Сашо Поповски, д-р Васил Тупурковски, Благоја Георгиевски – Буштур, Шабан Сејдиу, д-р Милош Вучидолов, д-р Димитрија Поповски, Атанас Костовски, Александар Тасевски, м-р Руждија Калач, д-р Здравко Тројачанец, Јован Попоски, д-р Зоран Ханџиски и други.

Активности на факултетот

Во насока на збогатување на наставниот процес и во интерес на студентите и нивното знаење Факултетот за спортски менаџмент организира низа на активности, а како дел од нив ги издвојуваме:

  • Посета и запознавање со активностите на Македонскиот Олимписки Комитет.
  • Посета и предавање во просториите на Сојузот на спортови на град Скопје.
  • Запознавање со функционирањето на Сојузот на спортски федерации на Македонија.
  • Организациона поставеност и реализација на час по физичко воспитување.
  • Теренска настава по скијање.
  • Спортски туризам
  • Спортски натпревари
  • Летно логорување
  • Трибина " Потребите од менаџмент во спортот". Учесници: спортски федерации, спортски клубови, МОК, АМС.
  • Предавање на тема " Иновативни технологии во
    спортот" во соработка со МОК
  • Учество во организација на меѓународниот меморијален џудо турнир – "Панче Момировски" Миоки џудо клуб од Скопје
  • Учество на трибина "Науката во функција на спортот" во организација на МОК и АМС.

Наши студенти – врвни спортисти

Наше задоволство е што изминативе четири години сме избор на врвните спортисти и други релевантни лица во спортот:

  • Емил Рајковиќ – тренер на КК "Фени Индустри"
  • Дејан Лекиќ – генерален секретар на Кошаркараска федерација на Македонија
  • Дарко Тасевски – фудбалски репрезентативец
  • Томе Пачоски - фудбалски репрезентативец
  • Артим Шаќири – поранешен фудбалски репрезентативец
  • Борко Ристовски – ракометен репрезентативец
  • Велко Маркоски – ракометен репрезентативец
  • Елена Ѓорѓијевска – ракометен репрезентативец
  • Робертина Мечевска – ракометен репрезентaтивец
  • Вук Карановиќ – одбојкарски репрезентативец
  • Влатко Трајчевски – одбојкарски репрезентативец
  • Илија Мартиноски – репрезенативец во тенис
  • Горан Стаменов – репрезенативец во пливање
  • Горан Киров– репрезенативец во Футсал
  • Гордана Нацева – (последипломски ) поранешна ракометна репрезентативка
  • Стевче Алушевски – (последипломски) ракометен репрезентативец
  • Александар Тодоровски– (последипломски) кошаркарски тренер
  • Михајло Ристовски – (последипломски) пливање олимпиец
  • Ванчо Димовски – (последипломски) ракометен репрезентативец
  • Игор Паскоски– (последипломски) селектор на џудо репрезентација

Што кажаа за нас?

Изјави на студенти, и авторитети од областа на спортот во Македонија

Томче Брајановски, студент на Факултетот за спортски менаџмент:

Креативен сум и сакам предизвици, од секогаш ме интересирал спортот, сум вложил во него и сакав да придонесам за неговиот развој во нашата земја. Незнаев како да го остварам тоа, да направам кариера, да бидам реализатор и иницијатор на моите идеи, да ја искористам мојата енергија и спортски дух. Студиската прогарама на Факултетот за спортски менаџмент при Универзитетот ФОН ми го овозможи тоа. Покрај теоретското знаење, ја добивам и најдобрата практична настава преку која покрај од одличниот и отворен наставен кадар можам да учам од веќе докажани спортисти и видни луѓе во македонскиот спорт.

Едноставно со сето тоа се едуцирам и насочувам во мојата спортска и менаџерска кариера. Го споив убавото со корисното.

Робертина Мечевска, ракометен репрезентаивец - студент во трета година на Факултетот за спорт и спортски менаџмент:

Се запишав на факултетот за спортски менаџмент, затоа што беше прв факултет кој ги спои спортот и менаџментот во Македонија, а тоа ми изгледаше како шанса за усовршување на моето знаење и напредок во мојата кариера како ракометарка.Задоволна сум од програмата и од тоа што факултетот нуди одлични услови за студирање и она што мене како репрезентативец ми е многу важно е поддршката на наставниот кадар во остварувањето на моите спортски цели прилагодувајќи се кон моите професионални обврски кон државата.

Сашо Поповски, генерален секретар на Македонскиот Олимписки Комитет:

Потребата од соработка со високошколска институција, во рамките на академското изградување на спортистите/студенти е огромна. Особено во 21 век, кога науката е длабоко поврзана со спортскиот резулат, Македонскиот олимписки комитет, смета дека соработката со Универзитетот ФОН ќе донесе долгоречни квалитетни придобивки. Важноста на науката, следењето на најновите научни истражувања, водењето на статистичките податоци и воопшто, практичното инволвирање и имплементирање на наведените се исклучително важен момент за развојот на спорот во државата.

MOK заедно со ФОН, преку имплементација на најновите научни достигнувања и вклучување во спортскиот систем на модерни спортски менаџери може да обезбеди многу подобри услови за нашите спортисти и на тој начин да реализира достигнувања од највисок спортски и олимписки дострел.

Индира Кастратович, најдобар светски ракометен десен бек, најдобар стрелец, Европски клубски шампион:

Кога зборуваме за спортот денес, тој ома поголема и поширока улога во секоеопштество отколку порано. Кај голем број на луѓе спортот, освен што има натпреварувачки карактер, претставува и секојдневен начин на живеење како и извор на позитивна енергија. Спортот стана значаен облик на економска активност на општеството, а спортската индустрија важна стопанска дејност. Поради овие причини во Македонија се наметнува потреба за образование на висококвалификувани кадри во спортската дејност.

Во Македонија, конкретно во Македонскиот спорт, досега немало стручни кадри од овој профил кои се неопходни за менаџирање, како во спортските клубови така и другите системи на спортот (спортски федерации, спортски објекти итн.)

Важноста на школувањето на спортски менаџери е од големо значење од повеќе причини:

  • да се добијат висококвалификувани кадри за управивачки функции во спортски и други деловни системи
  • ќе се образуваат менаџери- застапници на спортисти и спортски здруженија
  • тоа е полесен начин за воведување на спортистите во деловниот системпо завршување на нивната професионална кариера.

Менаџерите во спортот ќе најдат професионален ангажман во јавната управа и приватниот сектор(профитен и непрофитен) и тоа:

  • Менаџер на ресорната институција во спортот (АМС повеќе нивоа)
  • Менаџер на спортски објекти (од отворен или покриен тип)
  • Менаџер на национална спортска федерација
  • Менаџер на спортски клуб (најголем број)
  • Менаџер на сервисни спортски организации

Од причината да професионалци конечно земаат учество во планирање, организирање, раководење и контролирање во спортот, ја давам мојата поддршка на факултет за спортски менаџмент за образување на кадри од ваков вид.

Александар Тасевски, поранешен одбојкарски репрезентативец, учесник на Олимпсики Игри и носител на европски одличја:

Она што долго време недостасуваше, апотребата беше повеќе од очигледна е токму спортскиот менаџмент. Модерното сваќање за развој на спортот во целиот свет е во тесна спрега со менаџментот, а фактот дека факултетот за спортски менаџмент при ФОН Универзитетот веќе неколку години успешно функционира, дава гаранција дека и Македонија полека се приближува до останатите земји кои одамна го практицираат ваквиот развој. Искрено се надевам дека Факултетот за спортски менаџмент понатаму ќе продолжи да твори ваков кадар што е гарант дека ќе имаме квалитетен, а со самото тоа и побрз развој на спортот во целина.

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?