Факултет за дизајн и мултимедија

Акредитации:

 

Целта на Факултетот за дизајн и мултимедија е да подготвува дипломирани дизајнери во областите: графички дизајн, мултимедија и моден дизајн. Студиската програма на Факултетот за дизајн и мултимедија овозможува изведување на современа и квалитетна настава со примарна цел: подготовката на студентите за успешна кариера во комплетна образовна, уметничка и научно-истражувачка средина.

Големата потреба на индустријата, медиумите, институциите на културата и уметноста, како и на другите дејности, за високо образовани кадри од областа на дизајнот и мултимедијата, претставува основа за образовно, истражувачко, уметничко, научно и стручно дејствување на факултетот.

Наставната програма на Факултетот за дизајн и мултимедија е во согласност со програмите на светските универзитети од областа на дизајнот. Академските цели на студиската програма се образување на кадри кои покажуваат познавања, професионалниот и експертиза во дизајнерските дисциплини.

Дизајнот и мултимедијата се исклучително комплексни дисциплини кои се моќни во творечка и истражувачка смисла. Ликовниот ракопис, креативните иницијативи и идеи, интердисциплинарноста на дизајнот и мултимедија ја карактеризираат современото креативна комуникација, па потребни се континуирани вложувања во изучувањето на оваа област. Дизајнoт и мултимедијатa по својата суштина се поврзува со уметничките вештини и знаењето и како такви директно учествуваат во развојот на квалитетот на живеењето.

Факултетот за дизајн и мултимедија ја остварува својата високообразовна дејност преку изведување на студии од прв и втор циклус. Студиите се организирани по модел 4+1, при што првиот циклус студии имаат времетраење од 4 години, а студентот се здобива со минимум 240 ЕКТС, додека вториот циклус трае 1 година, а студентот се здобива со 60 ЕКТС.

Професионалните цели се поставени така да студентите се стекнат со практични вештини и теоретски познавања во полето на дизајнот со нивно профилирање во одредена дизајн област (графички дизајн, мултимедија и моден дизајн).

Област Графички дизајн:

Во областа Графички дизајн се образуваат графички дизајнери, како автори на графички производи и комуникации.

Студентите се оспособуваат за креативна творечка работа во дизајнирањето на графички производи кои се изучуваат на исти или сродни студии во светот. На студиите се стекнуваат знаења и вештини потребни за креирање и практична изведба на графички и сликовни презентации со цел визуелна комуникација на дадена порака.

Студентите го изучуваат дизајнот и визуелното обликување преку посочување кон актуелните движења и современите начини за размена на знаење.
Студентите од областа на графичкиот дизајн учат за развој на концепти и дизајн решенија за визуелно обликување на графички решенија наменети за печат или електронска употреба.

Област Мултимедија: 

Во областа Мултимедија се образуваат дизајнери кои творат систем на визуелни и аудио медиуми и комуникации. Овие дизајнери со стекнатото знаење и вештини се оспособуваат да дизајнираат, дефинираат пораки и обезбедуваат комуникациии со широк спектар. Во таа смисла се изучуваат: дигитално видео и монтажа, аудио, анимација и друго.

На студиите студентите стекнуваат посебни знаења и вештини кои се потребни текстот, сликата и тонот по пат на избрани медиуми да извршат комуникациска, културолошка, едукативна и друга функција. Студиите се усогласени со новите барања во поглед на современите системи и форми на комуникациите. 

Мултимедија е нова област на дизајнот, која се развива и поприма исклучително значајни димензии во системот на комуникации во целиот свет. Според тоа се создава добра перспектива за вработување на дизајнери од овој профил на секаде во светот.

Област Моден дизајн:

Во областа Моден дизајн, се образуваат творци на едни од најатрактивните видови производи – модни производи. Овие дизајнери се исклучително значајни за индустријата, малото стопанство, пазарот, како и за целокупното стопанство и општеството. Благодарение на модниот дизајн, функционалноста, естетиката и ергономичноста, предметите за облекување достигнаа високо ниво, според што модата е поставена во најатрактивните области на дизајнот. 

Студентите од областа на модниот дизајн развиваат разбирање на областа на дизајнот, со акцент на модниот дизајн и индустрија, текстил, модните додатоци, но и упатеност кон актуелните движења во модата. При тоа учат за развој на концепти и дизајн решенија за модни колекции, нивна практична изведба и презентација. Студиската програма е од таква структура, што студентите ги оспособува за дизајнирање на нова мода која има исклучително економско, социолошко, естетско и психолошко влијание на луѓето.

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?