Интерфејс центар

Фон Универзитетот како дел од семејството на врвни универзитети кој секогаш во фокусот на своето работење ги става студентите и сега беше препознаен од страна на Европската Комисија и го доби Темпус проектот -ИНТЕРФЕЈС.

Во насока на негово спроведување во рамките на Фон Универзитет се формира и успешно работи Интерфејс Центар.Центарот ги поддржува сите активности на Универзитетот во областа на доживотно учење,развој на кариера и соработка со алумните од ФОН Универзитет.

МИСИЈА

Интерфејс Центарот постои со цел да го зголеми квалитетот кај индивидуата преку соодветен спој на формалното и неформалното образование, а во соработка со јавниот и приватниот сектор во државата.На овој начин индивидуата станува поконкурентна на пазарот на труд и со сигурност си обезбедува свое место во општеството.Оваа мисија е базирана на институционализиран систем,кој пак влучува доживотно учење, кариерно советување и помош и соработка со алумните од ФОНУниверзитет.

ВИЗИЈА

Интерфејс Центарот постои за да воспостави високи стандарди на работа,за даго подобри личниот и професионален капацитет на индивидуата,да и овозможи на индивидуата да се стекне со потребните компетенции за справување со современите предизвици и да си обезбедисвој кариерен напредок во или надвор од Македонија.

ВРЕДНОСТИ

Целокупната работа на Интерјес Центарот,сите превземени активности и интеракции кои настануваат во негови рамки се базираат на однапред поставени вредности.Основни вредности врз кои се заснива работата на Интерфејс Центарот се:

  • Интегритет и висок професионализам –одговорност,етика и навремено обезбедните информации,совети или услуги се составен дел од сите интеракции и превземени акативности во Центарот;
  • Отворена, искрена и конструктивна комуникација;
  • Високо-квалитетни,ефективни и навремени и услуги спроведени од професионален тим; Кративност,инвентивност и постојано учење и надградба;
  • Тимска работа –продуктивни работни односи преку меѓусебна соработка и помагање,со цел остварување на мерливи резултати и постигнување на поставените цели на Интерфејс Центарот.

СТРУКТУРА И АКТИВНОСТИ НА ИНТЕРФЕЈС ЦЕНТАРОТ

Во рамките на Интерфејс Центарот работат:

Интерфејс Кариерен Центар (Interface Career Centre)

Согласно потребата и важноста студентите да се стекнат со потребните квалификации кои ќе бидат поткрепени со практично знаење од нивната област, Кариерниот Центар се стреми со својата работа од студентите да изгради високи професионалци. Благодарение на кампањата на ФОН Универзитетот „И во Македонија се може“, со која се доделени целосни и делумни стипендии на талентирани студенти, како и на големиот број договори за соработка со домашни и странски фирми, Кариерниот Центар има отворен пат да ги користи придобивките и да ги пренасочи во корист на студентите.

Дел од активностите кои ги спроведува Кариерниот Центар се:

  • Кариерно советување и туторски програми
  • Обуки и тренинзи
  • Стипендии
  • Соработка со компании и практична работа за студенти
  • Летни универзитети
  • Поттикнување ентузијазам и иницијатива кај студентите
  • Препораки за вработување

Доживотно учење(LifeLong Learning)

Доживотното учење претставува континуиран процес на учење кој се одвива кај секој еден кој сака да ги подобри своите знаења, информации, вредности и вештини. Во фокусот на овој процес е обезбедување на континуиран личен и професионален развој преку континуирана и комбинирана едукација, формална и неформална, а како таргет групи ги вклучува: средношколци, студенти, алумни, возрасни, вработени во приватен или јавен сектор и сл. Целта е создавање на проактивни индивидуи кои ќе учествуваат и допринесуваат за општествениот развој. Дотолку повеќе што Интерфејс Центарот преку сеопфатна анализа ги согледа потребите на пазарот на труд и разви стратегија, која на работната сила ќе и ги обезбеди потребните компетенции за кариерен успех на домашниот и Европскиот пазар. За имплементација на истоимената стратегија Центарот организира:

  • Тренинзи и обуки за надоградување на лични и професионални вештини;
  • Развојни програми за остварување професионални цели со целосна квалификација или преквалификација;
  • Тренинзи согласно потребите на бизниз популацијата во земјата и во странство;
  • Развој на Мобилна канцеларија која ќе придонесе за мобилност на студентите или вработените при универзитетот и можност да користат Европски фондови за доживотно учење;

Алумни Асоцијација (Alumni Association of graduates at FON University)

Фон Универзитетот како Универзитет кој дава постојана поддршка на своите тековни студенти, се грижи и го набљудува прогресот и достигнувањата во кариерата на своите дипломирани студенти. Како лидер и носител на реформите во високото образовани, ФОН со гордост го објавува воспоставувањето на Алумни Асоцијацијата.

Интерфејс Центарот нуди можност за директна соработка меѓу сегашните и поранешните студенти, со што:

  • Се воспоставуваат нови пријателски и бизнис врски меѓу луѓе со слични интереси
  • Се организираат состаноци за да се разменуваат искуства и можности
  • Се обезбедува кариерно советување и поддршка на студентите од страна на Алумни
  • Пристап до информации за слободни работни места
  • Се развива протокол и индивидуален кариерен план за секој студент
  • Се работи на конкретни проекти во компании каде се вработени Алумни.

КАКО И ЗОШТО ДА СЕ БИДЕ ДЕЛ ОД ИНТЕРФЕЈС ЦЕНТАРОТ?!

Интерфејс Центарот ги задоволува потребите на студентите и алумните на ФОН, но истовремено тој е отворен и за секој кој сака да ги користи неговите услуги, и тоа како за луѓето од образовниот систем (средношколци, студенти, професори, обучувачи), така и за луѓето од приватниот и јавен сектор (директори, менаџери, вработени). Интерфејс Центарот пружа цела лепеза на услуги прилагодени на специфичните потреби на неговите корисници, кои се спроведуваат од тим на професионалци или обучени студенти, а за која цел Центарот соработува со инстутуциите од јавниот, приватен, образовен и не-профитен сектор. Особена интересна е соработката со бизнис секторот, каде директната поврзаност со постоечките компании на пазарот доведува до побрза вработливост на студентите, било во вид на пракса или пак како прво работно место. Во моментот во Интерфејс Центарот работат 30-тина студенти од различни факултети и години на студии во рамките на ФОН, со тоа што сите превземени активности овде, се спроведуваат и по оделенијата во Струга, Струмица и Гостивар. Главната канцеларија на Интерфејс Центарот се наоѓа во Скопје, целосно опремена со библиотека со стручна литература (водичи,книги,брошури), а во време на сеопшта дигитализација секако тука е и веб–страната на Центарот, каде може да ги прочитате сите информации за неговата работа. Преку отворената канцеларија на факултетот, веб-страната и медиумските промоции Интерфејс Центарот ќе стане познат не само за студентите на ФОН, туку и за секој оној кој веќе го препозна како вистинско место за свој личен и професионален развој.

Затоа,,ако сте креативни,имате амбиции, сакате да добиете повеќе, вие со сигурност треба да бидете дел од Интерфејс Центарот а со тоа и чекор поблиску до остварување на вашата цел!”.

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?