Сенатот на ФОН Универзитетот е орган на управување и стручен орган кој го сочинуваат претставници од факултетите, од основачот на Универзитетот и од студентите. Студентите сочинуваат најмалку 10% од членовите на сенатот. Претставниците од факултетите ги избира Наставно-научниот совет. Секој факултет има најмалку еден претставник во сенатот. Ректорот е член на Сенатот по положба.

Проректорот, директорот на Универзитетот и генералниот секретар учествуваат во работата на Сенатот, без право на глас. Бројот и начинот на избор и разрешување на членовите на Сенатот, како и свикувањето и водењето на седниците на сенатот, се уредува со Статутот на Универзитетот и со деловникот за работа на Сенатот.

Мандатот на членовите на Сенатот од редот на наставниците и претставниците на основачот трае четири години. Мандатот на членовите на Сенатот од редот на студентите трае две години.

Сенатот на Универзитетот ги има следните надлежности:

  • донесува Статут на Универзитетот;
  • одлучува по прашања поврзани со наставната, научната, уметничката и високостручната и применувачката дејност на Универзитетот;
  • ги усвојува студиските програми на факултетите;
  • ги утврдува наставно-научните подрачја, како и наставните дисциплини застапени во студиските програми на факултетите;
  • предлага основање на нови насоки и организациони единици во состав на Универзитетот;
  • усвојува ставови и утврдува предлози до основачот за спојување, поделба, трансформирање или присоединување на насоки и факултети;
  • му предлага на основачот годишна, четиригодишна и повеќегодишна програма за работа и развој на Универзитетот;
  • дава мислења и поднесува предлози на Програмите за развој на високото образование и научна-истражувачка дејност во Република Македонија;
  • го усвојува годишниот извештај за работа на Универзитетот;
  • врши избор на редовни професори на факултетите;
  • доделува титула професор емеритус;
  • одлучува за доделување на титула почесен доктор на науки (Doctor honoris causa) и почесен професор на Универзитетот (Profesor honoris causa);
  • ги избира и разрешува ректорот на Универзитетот и проректорите;
  • го потврдува изборот на декан извршен од страна на ректорот;
  • дава мислење на ректорската конференција по нормативите и стандардите за вршење високообразовна дејност;
  • донесува правилници за критериумите и постапката за избор во наставно –научни, наставни, наставно – стручни и соработнички звања;
  • донесува правилници за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на факултетите;
  • донесува правилник за единствениот кредит систем и преминот од една на друга студиска програма и од еден на друг факултет во рамките на Унивезритетот;
  • донесува правилник за издавање на дипломи, додаток на дипломи, стручниот, односно научниот назив и други документи за завршеи студии и за условите и постапката за одземање на издадена диплома;
  • донесува правилник за организирање на издавачката дејност;
  • усвојува одлука за условите за преминување од друг Универзитет, односно факултет надвор од Универзитетот на Факултетите во рамките на Универзитетот;
  • донесува програма за меѓународна соработка;
  • формира универзитетска комисија за самоевалуација;
  • усвојува деловник за работа на Сенатот;
  • избира членови од својот состав во ректорската конференција на приватните универзитети и на ректорската конференција на универзитетите на РМ;
  • формира комисии за одлучување по жалби, за прашања утврдени со закон, овој Статут и актите на Универзитетот;
  • одлучува за спорови во врска со вето од ректорот на одлуки донесени од ректорската управа;
  • по предходна согласност на основачот донесува одлуки за пристапување и истапување од членство во разни организации и асоцијации;
  • врши и други работи утврдени со закон, статут и со другите акти на Универзитетот.

Сенатот може да одлучува доколку на седницата присуствуваат повеќе од половината од вкупниот број членови, а одлучува со мнозинство гласови од присутните членови. За прашањата кои се однесуваат на статусните промени, изборот на органите на универзитетот и изборот на редовните професори,

Сенатот може да одлучува доколку на седниците присуствуваат најмалку 2/3 од вкупниот број членови на сенатот, а одлучува со мнозинство од присутните членови.

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?