Двојна диплома SWISS UMEF

Универзитетот ФОН и SWISS UMEF Универзитетот од Женева, Швајцарија, потпишаа договор за издавање на двојни дипломи. Со договорот, UMEF ги прифаќа и признава студиските програми од прв и втор циклус студии на Факултетите за економски и правно-политички науки на ФОН. Согласно ова, студентите кои ќе дипломираат на овие програми ќе добијат диплома и официјални транскрипти од УМЕФ.

Услови и на кого се однесува: 

  • Студенти кои за прв пат се запишуваат на горенаведените програми
  • Студенти кои веќе се запишани на ФОН а сакаат дополнително да се регистрираат и на програмите за двојна диплома со UMEF

Поволности:

  • Македонска школарина
  • Квалитетно образование по меѓународни стандарди
  • Можност за трансфер на кампусот на UMEF во Женева во траење од најмалку еден семестар
  • Швајцарска диплома со национална и меѓународна акредитација[1]
  • Нови можности за професионален развој и вработување

Износ на школарина за прв циклус на студии

Школарината за прв циклус на студии изнесува 2200 евра, по курс на Нродна Банка на денот на склучување на договорот.

Начин на плаќање:

1. На две рати:

- Првата рата при упис од 1100 евра;

- Втората рата од 1100 евра, уплата до 01.02.2020 година;

2. За целосна уплата следува попуст од 100 евра;

3. На студентите на ФОН Универзитет им се овозможува да добијат по брза постапка субвенциониран студентски кредит преку ХАЛК Банка. Универзитетот ја покрива каматата за одобрениот кредит. Студентите на овој начин плаќаат на рати. Повеќе прочитајте со кликнување на овој ЛИНК. 

Износ на школарина за втор циклус на студии

  • Школарината за втор циклус на студии 4та година (специјалистички студии) за додипломците со завршени 3 годишни студии, вкупно 180 кредити, изнесува 2200 евра, по курс на Нродна Банка на денот на склучување на договорот.  
  • Школарината за втор циклус на студии 5та година (магистерски студии) за дипломците со завршени 4 годишни студии по стар систем или ЕКТС (3 години додипломски + 1 година специјалистички, вкупно 240 кредити) изнесува 2200 евра, по курс на Нродна Банка на денот на склучување на договорот.

Начин на плаќање:

1. На две рати:

- Првата рата при упис од 1100 евра;

- Втората рата од 1100 евра, уплата до 01.03.2020 година;

2. За целосна уплата следува попуст од 100 евра;

3. На студентите на ФОН Универзитет им се овозможува да добијат по брза постапка субвенциониран студентски кредит преку ХАЛК Банка. Универзитетот ја покрива каматата за одобрениот кредит. Студентите на овој начин плаќаат на рати. Повеќе прочитајте со кликнување на овој ЛИНК. 

Износ на школарина за дополнителна регистрација на тековните студенти

  • Студентите кои веќе се запишани на прв и втор циклус студии на ФОН, за дополнителна регистрација на програмите за двојна диплома со UMEF плаќаат 600 евра, односно 300 евра по семестар.

За подетални инифмации обратете се во Канцеларијата за Меѓународни односи на ФОН. Тел:02 2445 503; 072 729 592; www.fon.edu.mk; https://www.umef-university.ch/


[1] UMEF е сертифициран од EduQua (Националното тело за оценување на квалитетот на високото образование во Швајцарската Конфедерација). Иста така има двојна акредитација на престижните ASIC (Британско независно тело  за акредитација на високообразовни институции ) и  IACBE  (Интернационалниот совет  за акредитација на универзитети на кои се изучуваат студиски програми поврзани со бизнис економијата). IACBE е призната и од CHEA - најголемата организација во Соединетите Американски Држави за оценување на квалитетот на високото образование. 

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?