Дизајн - мултимедија

Задолжителна литература за прв циклус на студии на насоката ДИЗАЈН-MУЛТИМЕДИЈА

Задолжителна литература за втор циклус на студии на насоката ДИЗАЈН-MУЛТИМЕДИЈА

Дизајн-Мултимедија е нова и важна област на дизајнот и според тоа на оваа студиска програма се образуваат дизајнери кои творат систем на визуелни и аудио медиуми и комуникации.Овие дизајнери со стекнатото знаење и вештини се оспособуваат да дизајнираат одредени медиуми, дефинираат пораки и обезбедуваат комуникациии со широк спектар на распространетост и дејства на луѓето и деловниот свет.Во таа смисла се изучуваат: веб дизајн, дизајнирање на игри, дигитално видео, дигитално,аудио, анимација и друго.

На студиите студентите стекнуваат посебни знаења и вештини кои се потребни текстот,сликата и тонот по пат на избрани медиуми да извршат комуникациска, културолошка,едукативна и други функции.Студиите се усогласени со новите барања во поглед на современите системи и форми на комуникациите.Во центарот на овие студии е сметачот како алатка со своите моќни квалитети и потенцијали.Мрежната структура која е во основата на дигиталните комуникации, е значајна содржина на овие студии на кои студентите се оспособуваат за поврзување во мрежа со националните и меѓународните институции и со други субјекти.

Мултимедија е нова област на дизајнот, која се развива и поприма исклучително значајни димензии во системот на комуникации во целиот свет. Според тоа се создава добра перспектива за вработување на дизајнери од овој профил на секаде во светот.

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?