Упис на студенти, I циклус на студии за 2015-2016


Продолжува традиционалната кампања И ВО МАКЕДОНИЈА СЕ МОЖЕ, насочена кон спречувањето на одлив на мозоци од Република Македонија и обезбедување вработувања за сите млади луѓе, иницирана од ФОН Универзитетот, Фондацијата Цаноски и најголемите македонски компании.

Оваа година преку кампањата сите кандидати ќе бидат ослободени од поголем дел од трошоците за школарина на ФОН Универзитетот. На овој начин, како општествено одговорна институција, ги отвораме вратите за сите средношколци во Македонија кои сакаат да добијат елитно и квалитетно високо образование. Па така сите матуранти ќе бидат стипендирани во некоја од следниве квоти:

 - Квота 1 - Бесплатна школарина за кандидати предложени од наставничките совети на средните училишта во Република Македонија или по препорака на двајца наставници од училиштето (со просек 5.00)

- Квота 2 - 600 евра годишна школарина (300 евра по семестар), за ученици со среден просек од од 4.00 до 5.00

- Квота 3 - 800 евра годишна школарина (400 евра по семестар), за ученици со среден просек од 3.00 до 4.00

- Квота 4 - 1000 евра годишна школарина (500 евра по семестар), за ученици со среден просек под 3.00

ДОКУМЕНТАЦИЈА ФИНАНСИИ И УПАТСТВА:

 Потребни документи за упис (во оригинал):

- Извод од матична книга на родени
- Државјанство
- Диплома за завршено средно образование
- Сведителства од 1 до 4 година
- 18.000 денари депозит за школарина (Остатокот од школарината согласно квотата во која е запишан студентот се доплаќа на рати)
- 800 денари семестрални трошоци

Трошоците за депозит, школарина и семестрални трошоци се уплаќаат на посебни уплатници на жиро сметката на ФОН - 270-062-123-100-188 Халк Банка или пак без банкарски провизии на терминалите во аулата на универзитетот во Скопје.

НАПОМЕНА: Заради ограничениот број на квоти за студенти, студентите имаат право да се запишат со потпишување на пред-договор за студирање кој стапува во сила по објавувањето на ранг листите. 

* ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ФАКУЛТЕТИТЕ ВО СОСТАВ НА ФОН УНИВЕРЗИТЕТ

ПАРТНЕРИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТНО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ
 

* Целиот конкурс за упис заедно со наставните програми и депандансите може да го преземете на следниов ЛИНК

Доколку ви се потребни дополнителни информации може да се обратите на 02 2 44 55 55 или на info@fon.edu.mk

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?