Гостинско предавање на Италијанскиот амабасадор

Неговата Екселенција, Амбасадорот на Република Италија во Република Македонија - Ернесто Масимино Белели, одржа гостинско предавање пред студентите на ФОН Универзитет на тема: Мостовите помеѓу Македонија и Италија.

Во своето предавање Амбасадорот Белели ги објасни тековните проекти кои се случуваат помеѓу двете држави како и можностите за дополнителна економска размена. Меѓу другото Амбасадорот на прашање на студентите се осврна на академската традиција на Италија, и функционирањето на мрежата на универзитети. Белели ги претстави и можностите за студирање во Италија како и механизмите кои треба да ги познаваат странски студенти кои претендираат користејќи го Европскиот кредит трансфер систем да студираат семестар или година на некој од универзитетите во Италија. 

По повод гостувањето на Амбасадорот Белели, беа промовирани и заедничките последипломски студии на ФОН Универзитет со Универзитетот Политехнико од Милано во областа на архитектурата и дизајнот. Студентите од академската 2015-2016 ќе може да се запишат на овие студии.






 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?