Информација за трансфер на студенти на ФОН



ИНФОРМАЦИЈА ЗА ТРАНСФЕР И УПИС НА СТУДЕНТИ НА ФАКУЛТЕТИТЕ ВО СОСТАВ НА ФОН УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО АКАДЕМСКАТА 2015/2016 ГОДИНА 

Трансфер и упис на прв циклус на студии се врши на следните факултети во состав на ФОН Универзитетот: 

- Факултет за економски науки 
- Факултет за правни науки 
- Факултет политички науки и дипломатија 
- Факултет за детективи и безбедност 
- Факултет за странски јазици 
- Факултет за дизајн и мултимедија 
- Факултет за информатика 
- Факултет за спортски менаџмент 
- Архитектонски факултет 

• Право на трансфер на студиите од други високообразовани установи од Р. Македонија и од странство, на факултетите во состав на ФОН Универзитетот, имаат студенти кои запишале најмалку една академска година или дипломирале на високообразовната установа од која доаѓаат. 

• Трансферот се врши во иста или сродна студиска програма во согласност со одредбите од Правилникот за единствениот кредит систем и преминот од една на друга студиска програма, односно од една на друга високообразовна установа. 

• Трансферот се врши врз основа на сродноста на положените испити и студиските програми од предходното образование. Трансфер и упис на студентите ќе се врши заклучно со 30 септември 2015. 

Потребни документи за аплицирање за трансфер и упис: 

- Свидетелства од сите четири години на средно образование;
- Диплома за положена државна, меѓународна или училишна матура, или завршен испит од средно стручно образование;
- Решение од Министерство за образование и наука на Република Македонија за признавање на средно образование стекнато во странство (доколку средното образование е завршено во странство);
- Извод од матична книга на родените;
- Уверение / Решение за државјанство;
- Исписница и листа на признаени испити од факултетот од каде што се трансферира студентот
- 4 (четири) фотографии.
- Уплатница во висина од 18510 денари депозит како прв дел од школарина при упис (остатокот од школарината се пресметува согласно правилникот подолу)
- Уплатница во висина од 800 денари за семестрални трошоци

НАПОМЕНА: Цената на школарината за трансфер на студенти според одлука 08/778-1 од 12.05.2015 е следнава:

1. Школарината за студентите кои трансферираат односно се запишуваат во прва година согласно признаените испити изнесуваа 600, 800 или 1000 евра годишно согласно постигнатиот успех во средно образование на следниов начин:

- Просек од средно од 4.00 до 5.00 - 600 евра школарина

- Просек од средно од 3.00 до 4.00 - 800 евра школарина
- Просек од средно
под 3.00 - 1000 евра школарина

2. Школарината за студентите кои се запишуваат во втора година согласно признаените испити изнесува 800 евра годишно.

3. Школарината за студентите кои се запишуваат во трета година согласно признаените испити изнесува 1000 евра годишно.

Доколку ви се потребни дополнителни информации може да се обратите на  02 2 44 55 01 или info@fon.edu.mk



Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?