ФОН домаќин на Code Camp 2018

Повеќе од 1000 програмери беа учесници на овогодинешниот Code Camp 2018 чиј домаќин беше ФОН Универзитет а во организација на MKDOT.NET Community.

Главни теми поделени во индивидуални и групни работилници оваа година беа:

  • Programming languages
  • Web development & UX
  • Cloud computing
  • Development patterns & practices
  • Mobile Development & IoT
  • DevOps & Microservices
  • Machine Learning
  • Applied Data Science
  • Databases
  • Architecture & Design
  • Performance & Security
На 17.11.2018 (сабота) се одржа CodeCamp во рамките на нашиот универзитет. CodeCamp е еднодневна конференција за развој на софтвер која ги обединува програмерите за поттикнување на извонредност и иновации во македонската софтверска заедница. На оваа конференција се откриваат новите технологии и најдобрите практики во индустријата за развој на софтвер - без оглед на технолошката платформа или јазик. На CodeCamp учевствуваа многу од попознатите македонски софтверски компании како MCA, Seavus, Haselt, Endava, Netcetra итн.

На овој ден учествуваа и нашите студенти од Факултетот за Информатика прикажувајки го нивниот проект "Fon The Game". Нашите студенти Бојан Китановски и Стефан Смиљковиќ ја изработија внатрешноста од универзитетот ФОН во 3D (Autodesk Maya) и потоа таа изработка во 3D ја ставија во Game Engine(Unity) со што направија некој вид на Демо-Игра во која што посетителите можеа да се шетаат во ходникот и катовите од универзитетот ФОН баш како на игра и да се возат во лифтот.
 

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?