Дома · Контакт · e-Mail · Избери јазик: MK · ALB · EN 
Ф О Н   У Н И В Е Р З И Т Е Т
П Р В - П Р И В А Т Е Н - У Н И В Е Р З И Т Е Т - В О - Р . М .
   
 


Сите новости

Договор за соработка помеѓу „ФОН“ и „МАСИТ“

Најголемиот приватен Универзитет “ФОН” и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, денеска потпишаа Меморандум за соработка.

Со овој договор ќе се интензивира размената на искуства и знаења меѓу “Фон” и Бизнис заедницата, ќе се подобри квалитетот на практичните часови, а идната соработка ќе помогне и во прилагодување на програмите кон реалните барања на информатичките компании.

„Нашата обврска кон нашите студенти не завршува со дипломирањето, туку откако ќе им најдеме и работа. Ако ние направиме кадри кои ќе бидат веднаш прифатени во заедницата, нашиот “рејтинг” како институција многу ќе порасне. И затоа многу сериозно работиме од тој аспект, а корисни ќе бидеме и за Бизнис заедницата,со тоа што ќе имаат кадри способни за работа“, вели проф. д-р Оливер Илиев, декан на Факултетот за ИТ на “Фон”. За Комората пак, во која членуваат 80-те најреномирани информатички компании, ваквата соработка е единствениот начин за создавање на квалитетни кадри кои по дипломирањето лесно ќе се снајдат на пазарот на труд.

„Самиот пазар ги диктира условите и барањата, Тие услови и барања мора да произлезат од некаде. Доаѓаат кај нас, ние ги пренасочуваме до Универзитетот, тие ги едуцираат кадрите, ги подготвуваат за тој бизнис- свет, ги доставуваат кај нас, а потоа ние ги земаме како кадри“, изјави Горан Митревски, претседател на МАСИТ.

“ФОН” е единствениот приватен универзитет кој досега потпиша меморандуми за соработка со сите државни универзитети,со повеќе меѓународни високообразовни институции и со над 100 фирми, кои веќе 3 години ги стипендираат најдобрите студенти. Потпишувањето на денешниот Меморандум е чекор напред во овој процес.



 


 

© First private university in RM - FON University 2010