Двојни дипломи со Швајцарија за сите матуранти

Универзитетот ФОН во соработка со WISS UMEF Универзитетот од Женева, Швајцарија од оваа година на своите студенти им овозможува покрај македонска диплома да се стекнат и со двојна диплома (Швајцарска) на Универзитетот WISS UMEF од Женева, Швајцарија.

Кој може да конкурира:

Согласно законот за високо образование во двете држави право да конкурираат и да се запишат имаат сите матуранти со државна матура но и со училишна матура. Крајниот рок за пријавување е 27 септември.

Повеќе информации за наставните програми и начинот на конкурирање може да добиете на ФОН Универзитет на телефонските броеви: 02 244 55 55 или 070 345 999 или на info@fon.edu.mk

Тежина и значење на двојната диплома:

UMEF Универзитетот има двојна акредитација за престижните ASIC (Британско независно тело  за акредитација на високообразовни институции поддржано од Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска)  и  IACBE (Интернационалниот совет  за акредитација на универзитети на кои се изучуваат студиски програми поврзани со бизнис економијата) и е сертифициран од EduQua(Националното тело за оценување на квалитетот на високото образование во Швајцарската Конфедерација). IACBE е призната и од CHEA-најголемата организација во Соединетите Американски Држави за оценување на квалитетот на високото образование.

Обраќање на проф. д-р Љубомир Фрчковски:

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?