3 БЕСПЛАТНИ КУРСА ОД ОБЛАСТА НА САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ ЗА СТУДЕНТИТЕ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ИНФОРМАТИКА ОД ИДНИОТ СЕМЕСТАР

Факултетот за информатика при ФОН Универзитетот обезбеди бесплатни курсеви за своите студенти во учебната 2019-2020 година преку Меморандумот за соработка со австралиска компанија за сајбер безбедност. Курсевите ќе бидат одржани во новата компјутерска лабораторија која стартува со почетокот на учебната 2019-2020 година.

Кратко инфо за курсевите кои ќе се спроведат на англиски јазик:

1. Курс за свесност за сајбер безбедност

Овој курс се состои од 10 компјутерски базирани модули. На крајот од секој модул, кандидатот треба успешно да помине тестирање со одговори на прашања со повеќе избори за да ги зајакне стекнатите знаења и да се осигури дека го разбрал материјалот.

2. Основи на “Crystal Eye” платформата

Овој курс е вовед во “Crystal Eye” платформата за да се разберат основните концепти на сајбер безбедноста која ја овозможуваат хардверските уреди со оваа платформа.

(Појаснување на терминот “Crystal Eye”)

”Crystal Eye” претставува безбедносен огнен ѕид (firewall) од следната генерација со повеќе нивоа на заштита кој ја зголемува свесноста за безбедност и ја намалува изложеноста на ризици од напреден сајбер криминал, малициозен софтвер и внатрешни закани.

3. Сертифициран инженер за “Crystal Eye”

Со овој курс кандидатите ќе научат како да ја инсталираат “Crystal Eye” платформата за унифициран менаџмент на закани. Овој курс ги покрива сите карактеристики за безбедна реализација на “Crystal Eye” платформата. 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?