Нов меѓународен одбор за доверба

По повод прославата на Меѓународниот ден на образованието – 24 јануари, Титаниум Капитал заедно со Фондацијата Џон Брадемас и Универзитетот ФОН, ја има честа да го претстави новиот универзитетски Одбор за доверба, кој вклучува еминентни поединци од светот на науката и добитници на Нобеловата награда.

Новоизбраниот одбор брои вкупно 77 членови, меѓу кои: Поранешниот премиер на Италија и поранешен претседател на Европската Комисија, проф. д-р Романо Проди, проф. д-р Манмохан Сингх, поранешен премиер на Индија, проф. д-р Федерико Мајор Зарагоса, поранешен изврешен директор на УНЕСКО, проф. д-р Роберт Мундел, добитник на Нобеловата награда, проф. д-р Вернер Арбер, добитник на Нобелова награда за мир, проф. д-р Адолфо Перез Есквивел, добитник на Нобелова награда за мир, поранешен претседател на Коста Рика, Оскар Ариес, добитник на Нобелова награда за мир, Ригоберта Менчу, добитничка на Нобеловата награда за мир и почесен претседател на Џон Брадемас Фондацијата, проф. д-р Едвард Нел, д-р Хенри Абдо, извршен директор на Титаниум Капитал и претседател на Џон Брадемас Фондацијата, проф. д-р Карим Ерунаки, претседател на Џон Брадемас Фондацијата и почесен претседател на ФОН Универзитетот, проф. д-р Џорџ Метјуз, почесен претседател на Североисточниот универзитет, проф. д-р Чарлс Гудхарт, проф. д-р Вили Семлер, проф. д-р Најат Валауд-Белкасем, поранешна министерка за високо образование на Франција, д-р Јеро Балде, министер за високо образование на Гвинеја, Дон Винсенте дел Боске Гонзалез, легендарниот футбалски играч и тренер, Хозе Консарнау Гвардиола, амбасадор на Шпанија во Гвинеа и Сиера Леоне, проф. д-р Стефан Мони Моуанџо, проф. д-р Рејмонд Акики, проф. д-р Ганзафер Гур, итн.

Фокусот на Универзитетот е да го одржува и преиспитува квалитетот на високото образование, воспоставените академски вредности и да ја промовира извонредноста на научните истражувања. 

ФОН верува дека присуството на етаблирани професори, добитници на Нобеловата награда, научници, поранешни лидери на земји, политичари и експерти претставува исклучителна придобивка, не само за академската заедница, преку отворените можности за размена на знаења и комуникација со врвни светски научни работници, туку и за иднината на Република Северна Македонија, особено заради одржливиот развој на земјата, образованието на млади и иновативни кадри со аналитички и критички дух, согласно потребите на новото време.

Во своето обраќање на отворањето на денешниот симпозиум, претседателот на Универзитетот ФОН, г-дин Сефер Цаноски, истакна дека ова е уште еден чекор за развивање и унапредување на универзитетот. Нашата цел е да ја поттикнеме студентска мобилност и инклузивност, како и да ги охрабриме и поддржиме студентите во натамошниот професионален развој.

На настанот, покрај присутните членови на одборот кои пристигнаа во нашата држава, свои обраќања и поддршка за целите на настанот имаа и Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, и поранешниот претседател на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев. 

Во следните месеци, преостанатите членови на Одборот за доверба ќе организираат и поддржат серија академски настани во Република Северна Македонија. Едновремено, тоа ќе претставува зацврстување на востановената платформа за развој на науката во државата, како и вклучување на нашите домашни студенти во современите текови на продукција на знаење и научни иновации.

Универзитетот ФОН, силно мотивиран да создава највисоки образовни стандарди за своите студенти и за доброто на Северна Македонија, ќе продолжи да се движи и развива во чекор со времето, модерното високо образование, ширејќи ја нашата култура и вредности низ светот.

Нашата крајна цел е да ги задржиме младите во Северна Македонија и заедно со нив да создаваме иднина која ќе има глобален одек!

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?