Кошаркарската репрезентација со почесни академски титули

Универзитетот ФОН согласно академската слобода и статутот, донесе едногласна одлука на ректорската управа и менаџментот на универзитетот за доделување на почесни академски титули на членовите на кошаркарската репрезентација на Македонија.

Имено со указ на ректорот и на претседателот на Универзитетот, ФОН им доделува звање – Почесни академски граѓани и Почесни дипломци на Факултетот за Спортски менаџмент при ФОН Универзитет. Академските титули се доделуваат врз основа на пожртвуваноста и афирмирање на Македонскиот спорт од страна на целокупната репрезентација.

Во оваа прилика како Универзитет сакаме да истакнеме дека академизмот, презентирањето на цивилизациските придобивки, културните и спортски вредности не се само дела на хартија, тие се дела кои се постигнуваат со чисто срце, мисла и широчина на духот. ФОН уште еднаш им честита на сите членови на кошаркарската репрезентација, а во нивна чест ќе организира посебна церемонија на која ќе бидат прогласени во нивните почесни титули.

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?