Уписи на додипломски студии 2016-2017

Универзитетот ФОН го распишува конкурсот за запишување на нови студенти во академската 2016/2017 година на сите факултети и сите одделенија на ФОН Универзитет.

Новозапишаните студенти ќе бидат студираат во некоја од следниве квоти, без дополнителни и скриени трошоци за школарина:

- Квота 1 - 600 евра годишна школарина (300 евра по семестар), за ученици со среден просек од од 4.00 до 5.00

- Квота 2 - 800 евра годишна школарина (400 евра по семестар), за ученици со среден просек од 3.00 до 4.00

- Квота 3 - 1000 евра годишна школарина (500 евра по семестар), за ученици со среден просек под 3.00

ДОКУМЕНТАЦИЈА ФИНАНСИИ И УПАТСТВА:
 

Потребни документи за упис (во оригинал):

- Извод од матична книга на родени

- Државјанство

- Диплома за завршено средно образование 

- Сведителства од 1 до 4 година (просекот за некоја од трите квоти се пресметува без оцените од екстерно и матура односно само од сведителствата)

- Приемен лист (го добивате при поднесување на документите)

- 18.510 денари депозит за школарина (Остатокот од школарината согласно квотата во која е запишан студентот се доплаќа на рати)

- 800 денари семестрални трошоци 

- Средствата се уплаќаат на следнава жиро сметка 300-000-003-207-729 Депонент Комерцијална Банка
* ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ФАКУЛТЕТИТЕ ВО СОСТАВ НА ФОН УНИВЕРЗИТЕТ

ПАРТНЕРИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТНО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ 

* Нов студентски дом на ФОН Универзитет, повеќе информации на овој ЛИНК

Доколку ви се потребни дополнителни информации може да се обратите на 02 2 44 55 03 или 070 345 999 или на info@fon.edu.mk

Последен ден за трет уписен рок е 30 септември 2016.

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?