Донација за детска Онкологија

ФОН Универзитет и Факултетот за дизајн и мултимедија со поддршка на Шпаркасе банка, НВО Дајте ни крилја, Лумари медија, БиМилк и ОУ. Ј.Х. Песталоци уште еднаш со општествено одговорна акција овојпат за детската клиника за Онкологија.

Дечињата болни од рак, кои се лекуваат на Клиниката за онкологија и радиотерапија, добија попријатни услови за престој во оваа установа. Весел и шарен амбиент во болничките простории, за чија визуелна реконструкција се погрижија студентите од Факултетот за дизајн и мултимедија под менторство на професор Милосављевиќ. Многу нови играчки, книги, телевизор, нов мебел и опрема, нови детски постелнини се само дел од донацијата што ја иницираа Ана Јорданова, основачка на „Луминари медиа“, проф. д-р Александра Србиновска-Дончевски од ФОН-универзитетот и Ребека Јанковска-Ристевски од здружението „Дајте ни крилја“.

М-р Сефер Цаноски, генерален менаџер на ФОН посака здравје на сите што престојуваат во установата. - Нашата цел како академски кадар е на нашите студенти да им наметнеме да бидат присутни на овие места, да помагаат, да станат подобри луѓе. Овде е најпотребна позитивна енергија и поддршка - рече тој. Директорката на службата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе банка, м-р Тодорка Сајкова, истакна дека со скромна донација се надеваат дека ќе дадат пример за бизнис-секторот, кој активно ќе се вклучи во вакви акции.

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?