Апликација за практиканска работа во PWC- PricewaterhouseCoopers

На ФОН Универзитетот, беше одржана презентација од страна на PWC- PricewaterhouseCoopers, една од најголемите светски мултидисциплинарни организации кои нудат професионални услуги во решавање на комплексни деловни проблеми.

На студентите им беа презентирани можностите за практиканска работа и вработување, со посебен фокус во одделот за ревизорски услуги.

Студентите беа известени дека од денес почнува процесот на апликација за сите заинтересирани студенти на овој Универзитет.

Линкот за аплицирање ќе го најдете на следната веб-страна (www.pwc.com/mk]www.pwc.com/mk), во делот Careers (во Intern and Graduate job секцијата под  референтниот број на позицијата - 8316BR). 

Kонкурс за практиканти во одделот за ревизорски услуги во PwC- PricewaterhouseCoopers. Краен рок за апликација е до 31.05.2016.

Што бараме:

1. Практиканти во одделот за ревизорски услуги (7 позиции) - реф. бр. 8316BR

• апсолвенти или дипломци на следните факултети: Економски, Машински, Електротехника и информациски технологии, Институт за математика при ПМФ;

• без претходно работно искуство.

Дополнителни барања:

 • течен македонски јазик и одлично познавање на англиски јазик;

• способност за тимска работа;

 • познавање од работа со компјутери;

• амбициозна личност со способност да работи во различна и динамична работна околина;

• флексибилност и желба за патување во регионот и пошироко.

 Што нудиме:

 • комплетна програма за прилагодување и вовед во работата;

• утврден систем на „пријател“ и „ментор“ за нововработените;

 • програма за постојан личен и професионален развој;

• динамична и атрактивна работна околина;

 • комплетна програма за бенефиции на вработените;

 • интернационални ангажмани и можности за работа во други канцеларии на PwC

 

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?