Повик за платена пракса во МЦЕО

Македонски центар за европско образование (МЦЕО) распишува поик за волонтери-практиканти кои би учествувале во работата на МЦЕО започнувајќи од 15 јуни 2016 година во период од три месеци. Времето на започнување може да биде договорено согласно потребите на МЦЕО и расположливото време на волонтерот.

МЦЕО (www.mcet.org.mk) е непрофитна, неполитичка, тинк-тенк организација основана во септември 2002 годината.

Македонскиот центар за европско образование го поддржува пристапувањето на Македонија во ЕУ и европеизацијата на општеството преку професионална обука и советување, развој на јавни политики засновани на докази, регионална соработка и застапување за промени.

Во текот на оваа година МЦЕО, меѓу другото, ќе работи на истражување и подготовка на следните студии:

  1. Студија за промените во европската финансиска рамка и политиките за земјоделство и конкуренција (државна помош);
  2. Студија и водич за толкување на слободата на говор и изразување во европската правна рамка;
  3. Студија за местото на Македонија во надворешните политики на државите членки на ЕУ и перцепцијата на европската јавноста во однос на пристапувањето на Македонија во ЕУ;
  4. Студија за модели на локална демократија и промените предизвикани од  европеизацијата;

како и анкетно истражување ЕВРОМЕТАР2016, организација на 2та Школа за европска политика и други јавни настани за што има потреба од волонтери-практиканти кои ќе учествуваат во работните процеси.

МЦЕО може во текот на оваа година да прифати најмногу 12 практиканти-волонтери на 3 месечен период.

Кандидатот треба да ги поседува следните квалитети:

  • Да е во завршниот циклус од редовните студии или на последипломски студии во следните области: право; меѓународни односи и дипломатија; политички науки; економија;
  • Да покажува особен интерес кон процесот на демократизација, европеизација на општеството и пристапување кон Европската унија;
  • Одлично познавање на англиски јазик (пишан и говорен)
  • Познавање на секој друг јазик ќе се смета за предност ( јазиците на етничките заедници во Македонија, како и француски, германски, италијански или шпански)
  • Способност за тимска работа
  • Познавање на работа со компјутери и софтвер за уредување текстови и табели, како и софтвер за статистичка обработка на податоци SPSS
  • Поседува добри конкуникациски и организациски вештини и способност за комуникација по социјални мрежи (twitter, facebook, blog)

Опис на работни задачи:

  • Административни задачи: транскрибирање на интервјуа
  • Истражување и пишување на документи на една од следниве теми: слобода на медиуми, локална демократија и демократизација и европеизација на општеството; надворешна политика; политика на проширување; економија и финансии во ЕУ; фискален пакт; повеќегодишна финансиска рамка; заедничка земјоделска политика; итн.
  • Учество во организирање на јавни настани
  • Изготвување на извештај за работата од три месеци
  • Изготвување на продукт/документ од истражувањето

Кандидатот/кандидатката ќе добие:

  • Месечен волонтерски надоместок
  • Поволна клима за работа
  • Менторство од вработените во кацеларијата при исполнување на задачите
  • Обуки за ЕУ, пишување на документи за јавни политики, застапување итн.
  • 3 месечно  волонтерско искуство во граѓанска организација

Апликациите кои содржат мотивациско писмо и резиме на англиски јазик се поднесуваат на следната адреса за е-пошта: mcet@mcet.org.mk

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?