Практикантска позиција за истражувач во Агенција РЕЈТИНГ

За потребите на своите активности и проекти ова лето, Агенција Рејтинг објавува оглас за четворица практиканти, кој ќе работат заедно со вработените и директно ќе имаат можност одблиску да се запознаат со работата и проектите на агенцијата. Агенција Рејтинг – Скопје на студентите од ФОН Универзитет им нуди можност да учествуваат во работните процеси и на тој начин им овозможува да научат нешто повеќе за истражувачката дејност, преку обавување на практична работа.

Студентите ќе навлезат во светот на истражувањата ќе го усовршат своето знаење преку конкретно зададени задачи со обединување на теоријата и практиката.

Потребни квалификации:

Ø Одлично познавање на македонски и англиски јазик

Ø Технички вештини,познавање на (MS Windows XP,MS Word,Internet,MS Excel)

Ø Одлични комуникациски вештини

Ø Способност за работа во динамична работна средина Работно време на практикантите ќе биде од понеделник до петок од 9:30 до 15:00 часот.

Праксата ќе биде во времетраење од 1 месец и за истиот практикантите ќе добијат надомест од 4000 денари за покривање на основните трошоци. Заинтересираните кандидати да испратат CV на info@rating.mk со назнака “Пракса, лето 2016“.

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?