ФОН се трансформираше во Универзитет од 3 генерација

Универзитетот ФОН се трасформира во Универзитет од 3 генерација и ја отпочнува New Generation Program. Со трансформацијата нов Ректор на Универзитетот е Проф. д-р Нано Ружин. Нов Генерален секретар е Проф. д-р Билјана Пулеска а нов координатор за меѓународна соработка е Проф. д-р Ирина Чудоска.

Денес Универзитетот доби и нов Управен Одбор чија примарна задача ќе биде интернационализацијата и нови наставни програми за двојни дипломи. Новите членови на УО се:

- Проф. д-р Карлос Флорес од Универзитетот во Валенсија. Професор е по уставно право и важи за еден од подобрите ескперти и познавачи на правото во Европската унија. Тој е редовен професор на универзитетот од Валенсија и воедно визитинг професор на Универзитетот во Калифорнија Сан Диего како и во Институтот за истражување во Минхен,Универзитетот во Веспрем, Вирџинија и Трст.

- Проф. д-р Сам Потоличио. Професор Потоличио е директор на Глобалното и прилагодено образование на McCourt Факултетот за јавна политика на Универзитетот Џорџтаун. Potolicchio беше именуван како еден од "најдобрите професори на Америка" од страна на Princeton Review, единствен во својата област и лидер на американското високото образование од страна на Здружението на колеџи и универзитети.

- Проф. Алдо Чиголани. Чинголани е CEO на компанијата БЕРТОНЕ од Милано. Во неговата богата биографија вреди да се спомене дека бил Генерален директор на компанијата Џуџаро дизајн каде со неговото богато искуство каде има голем придонес во архитектурата на дизајн на производи, на графички дизајн и дизајн на транспорт. Работел и предавал на Универзитетот Политекнико ди Милано, Тијанџин универзитетот , Универзитетот за Дизајн во Будимпешта, Хонг Конг Политехничкиот универзитет, Факултетот за комуникации на Универзитетот во Торино, Publitalia за маркетинг и корпоративна комуникација.

- Г-дин Хусеин Хисну Караколикчу. Караколикчу има богата биографија во сферата на лравото. Магистрирал во Париз а служел на многу државни позиции во Р.Турција. Од 8 јуни 2011 е претседател на Државниот совет, кој е највисокиот административен суд во Турција. Истовремено е избран и за Претседател на советот за судска соработка. Течно се користи со Француски и со Англиски јазик.  

 

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?