Нови програми и двојни дипломи за студентите на ФОН Универзитет

 

Ни претставува огромно задоволство да ви презентираме дел од интернационализацијата на академскиот курикулум со Универзитетите во Валенсија (Шпанија), Вашингтон (САД), Милано (Италија) и Волверхемптон (Велика Британија) кој ќе биде понуден за идните и сегашните студенти. Термините за трансфер на новите програми, заедно со условите како и потребната подготовка ќе бидат комуницирани преку канцеларијата на Меѓународни односи која ја координира Професор Ирина Чудоска.

New Generation Programme опфаќа зголемување на Универзитетските услуги  кои се понудени на студентите за студент од Република Македонија и пошироко од регионот и за општеството во целина. Во рамките на оваа програма Универзитетот врши:

- реакредитација на постојните но подобрени студиски програми на англиски јазик;

- акредитација дополнителни нови студиски програми во областа на општествени, технички науки и медицински науки;

- акредитација на студиски програми за заеднички и двојни дипломи со партнерските универзитети од ранг на првите 500 согласно Шангајската листа за рангирање на Универзитетите;

- во новоакредитираните програми практичната настава ќе се спроведува од страна на реномирани светски компании со инволвирање на нивните долгогодишни експерти од областа на студиската програма која се спроведува или со обука директно на работното место;

- нови сертифицирани програми и курсеви за обуки за дополнителни вештини и компетенции како дел од неформалното образование;

- ќе се формираат на бизнис акцелератори и технолошки паркови за поттикнување на истражувачката работа и иновациите;

Согласно новата концепциска структура, Универзитетот, универзитетските услуги ќе ги нуди за студиски програми кои припаѓаат во наставно научните подрачја на трите основни столба

- хуманистички и општествени науки,

- природно- математички и техничко- технолошки науки и

- медицинските науки и здравство (стоматологија, здравствена нега (сестринство);

Новата понуда на Универзитетот опфаќа:

  • Нови заеднички студиски програми и стручни студии ФОН Универзитетот со Универзитетот во Валенсија  
    • Нова заедничка програма потпомогната и структурирана согласно програмата на еден од најстарите и најреномирани европски медицински факултети Факултетто за медицински науки и стоматологија при Универзитетот во Валенција
    • Нова заедничка програма во областа на правните, политичките науки и безбедност со Правниот Факултет при Универзитетот од Валенција
    • Сертифицирана програми за стручно доусовршување со Универзитетот во Валенсија: зимска школа во Македонија и Летна школа во Валенсија на тема: „Јавна администрација и управување“ и „ Родови студии“.
  • Универзитетот Политехнико од Милано, Полидизајн Милано и Бертоне Дизајн и Бертоне Дизајн Академија
    • Нови заеднички програми во областа на техничките науки на англиски јазик
    • Заедничка програма со Poli.Design од Милано за втор циклус студии  за “Design Management of goods, services and products”. 
    • Спроведување на практичната настава на програмата за дизајн и мулти медија од страна на Бертоне Дизајн
    • Сертифицирана програми за стручно доусовршување ФОН Универзитет и Бертоне Дизајн Академија на тема : „Full design made in Milano “
    • Сертифицирана програми за стручно доусовршување ФОН Универзитет и Бертоне Дизајн Академија на тема :  “Strategic&Innovation Design”;
    • Сертифицирана програми за стручно доусовршување ФОН Универзитет и Бертоне Дизајн Академија на тема : “Food Design&Country Promotion”
    • Сертифицирана програми за стручно доусовршување ФОН Универзитет и Бертоне Дизајн Академија на тема : “ City Image”
  • Нови заеднички програми so Universities in Wageningen (Holandija) and Wolverhampton ( Обединетото Кралство) за Агро -Бизнис

 

  • Сертифицирана програми за стручно доусовршување ФОН Универзитет и Georgetown University

 

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?