Лектор Татјана Срцева-Павловска - Прв стипендист на РМ на Институтот за современа американска книжевност во САД

SUSI – Институтот за современа американска книжевност им овозможува учество веќе 18 години по ред на 18 искусни и мотивирани академски истражувачи и професори од сите делови на светот кои предаваат или имаат подлабоки познавања од современата американска книжевност.

Фокусот на програмата на Институтот е истражување на разноличноста на американскиот книжевен опус и осознавање на начините со кои современите писатели, предавачи, школи и движења ги отсликуваат и воедно влијаат на веќе-воспоставените традиции на модениот американски книжевен канон.

Истовремено, Институтот ги запознава своите учесници и со бројни автори и писатели кои се претставници на новиот бран кој отстапува од воспоставените традиционални норми и кој е предвесник на новите правци во американската постмодернакнижевност. Институтот за современа американска книжевност е под покровителство на Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави а традиционално се одржува во Комонвелт центарот за општествени науки во рамки на Универзитетот во Луивил, Кентаки.

Оваа година, учесници од Алжир, Бангладеш, Боливија, Бразил, Камерун, Грција, Индонезија, Либан, Македонија, Мадагаскар, Мали, Мексико, Нов Зеланд, Русија, Јужна Африка, Тајланд, Тунис и Украина земаа учество во овој Институт од 10 јуни -23 јули, 2016, во Луивил, Кентаки, но исто така, имаа и бројни студиски и научни патувања во Блумингтон, Индијана; Сан Франциско и Лос Анџелес, Калифорнија; Синсинати, Охајо; и Вашингтон, Федерален округ Колумбија.

За прв пат во својата 18-годишна историја, Институтот во свои рамки имаше кандидат од Македонија, м-р Татјана Срцева-Павловска, предавач на Факултетот за странски јазици – ФСЈ при ФОН Универзитетот ја доби оваа престижна стипендија и беше дел од овогодишниот Институт за современа американска книжевност.

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?