Стипендии за магистерски студии

СИСТЕМОТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ Е ЗАТВОРЕН.

Почитувани идни Магистранди,

Согласно компонентата за општествена одговорност на Универзитетот ФОН и во соработка со Universitat de Valencia - Шпанија, George Town University од Вашингтон САД, Politecnico di Milano - Италија, го распишуваме конкурсот за стипендисти на Магистерски студии т.е 5та година на студии.

Вкупно 150 целосни и делумни стипендии ќе бидат доделени за апликантите за оваа кампања.

Правила и одредби:

1. Апликантите треба да имаат завршено 4 годишни додипломски студии или пак да имаат завршено 3 годишни студии и 1 година специјалистички студии. Доколку сега се запишувате во 4та година треба да го следите овој ЛИНК, преку оваа кампања нема да се стипендираат апликанти со 3 годишни студии!

2. Апликантите треба да покажат силна мотивација и стипендијата да ја искористат за унапредување на своето професионално знаење и истата да ја искористат за подобрување на општествените и бизнис процеси во Република Македонија.

3. Апликантите ќе бидат оценувани на 3 нивоа.

- Тестирање од областа на факултетот за кој аплицираат (Тестот ќе биде електронски и се полага во ограничено време од вашите домови во определен термин кој ќе ви биде соопштен една недела пред тестирањето) максимум 50 поени

- Интервју со стручна комисија, максимум 20 поени 

- Поени од успех од додипломските студии, максимум 30 поени (вашиот просек од додипломски студии помножен со коефициент 3)

4. Пред да аплицирате внимателно разгледајте ги студиските програми и насоки кои се нудат на втор циклус односно 9ти и 10ти семестар на Факултетите во состав на ФОН Универзитет.

- Апликантите имаат право да аплицираат само еднаш за само еден факултет за стипендија за магистерски студии!

- Универзитетот го задржува правото да не ги покани на тестирање апликантите кои внеле нецелосни или непотполни податоци!

- Податоците во формуларот подолу се внесуваат исклучиво со кирилична поддршка, освен полето за емаил.

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?