Билатерален меморандум за соработка

Универзитетот ФОН и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) потпишаа билатерален меморандум за соработка.

Меморандумот е основа за соработка помеѓу двете страни  за спроведување на заеднички активности за пренос на знаење и зајакнување на националните капацитети за обезбедување обуки и консултации од областа на новинарството.

Меморандумот е концентриран кон организирање на заеднички активности, како што се семинари, конференции, работилници и слично.

Дополнително ќе се работи на реализација на заеднички проекти од областа на новинарството, за заштита на јавноста од несовесно и незаконски практики на медиумите, како и за враќање на довербата на јавноста преку транспарентни механизми на одговорност,

Академскиот кадар на ФОН во соработка со професионалците на ЗНМ ќе работат и на обука и стекнување на практични знаења на студентите за посебните правила во областа на новинарството.

ЗНМ и ФОН се согласија дека заеднички ќе изработат, организираат и спроведат активности за личен развој согласно прописите за образование на возрасните, ќе организираат различни програми на стручно, односно професионално усовршување имајќи го предвид концептот за доживотно учење на младите и возрасните лица насочено за оспособување за работа, усовршување, дополнување, продлабочување и осовременување на знаењето и не се сметаат за студии.

 

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?