Гостинско предавање на Давид Стефенсон

Универзитетот ФОН беше домаќин на Г-дин Давид Стефенсон кој е шеф на Политичко-економскиот оддел на Американската амбасада на САД во Македонија.

Г-дин Стефенсон, одржа предавање на тема: Претстојните избори за Претседател на САД пред студентите на ФОН Универзитет. Повеќе за гостинот може да прочитате на следниов ЛИНК.

Во предавањето беше објаснет системот на функционирање на Претседателските избори како и под-механизмите на функционирање со колеџот на електори.

Во комуникација со студентите, беа разговарани разликите помеѓу политичките системи на САД и Македонија, како  и модалитетите кои Македонија може да ги искористи при унапредување на демократските процеси.

ФОН Универзитет и Амбасадата на САД во Македонија, ја продолжуваат својата билатерална соработка низ низа на активности кои ќе следуваат во догледен период, за бенефит на студентите и нивните академски кариери.

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?