Меѓународен договор за платена пракса во Шпанија

Универзитетот ФОН во рамките на New Generation Program, потпиша билатерален договор за соработка со Spain Internship, преку која студентите на додипломски и постдипломски студии, како и дипломците на ФОН Универзитет ќе може да аплицираат за платена пракса во најголемите компании во Шпанија.

За поголемиот дел од праксите, компаниите го покриваат и авионскиот транспорт и сместувањето во Шпанија.

Студентите на ФОН е потребно да се регистрираат на интернационалниот сајт (https://www.spain-internship.com/en/), во делот за регистрација за студентите, во полињата University Coordinator Name и University Coordinator Email треба да наведете: Prof. d-r Irina Chudoska и irina.chudoska@fon.edu.mk

Студентите кои ќе запишуваат оваа година, ќе имаат право да ја користат оваа програма и имаат право да аплицираат за стипендија, аплицирањето е на овој ЛИНК

 

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?