Интернационални конференции на ФОН Универзитет

СКОПЈЕ, Универзитетски кампус 09-15 јануари 2017

 

Почитувани,

Во Рамките на Програмата за Нови Генерации, Универзитетот ФОН, во соработка со Бертоне Дизајн од Милано Италија, Државниот Универзитет во Милано и Универзитетот на Валенсија од Валенсија, Шпанија и FON Global Networking Foundation, ќе организира симултано две зимски школи од 09 до 15 јануари 2017 година, во чии рамки ќе се одржат конференции на следниве теми:

  1. New Technologies and Good Governance, Challenges and Оpportunities for 21 Century Democracy (Препорачано за студентите на општествени науки и Информатика, вработени во државна администрација и економисти/правници/политиколози) [клик на линковите за допопнителни информации]

 

  1. FULL DESIGN, Made in Milano (Препорачано за студентите и млади професионалци на Архитектура и Дизајн) [клик на линковите за допопнителни информации

Цената на конференциите изнесува 6100 денари. Деталите следуваат:

 

Курсевите ќе ги предаваат познати и реномирани професори од Италија, Шпанија, Македонија, Луксембург, Германија, Белгија и Турција. Посетителите на конференциите ќе добијат меѓународни сертификати од трите универзитети и соодветни кредити по ЕКТС, кои може да се употребат за признавање на определени испити или делови од испити согласно законските регулативи и Болоња процесот, на сите Универзитети во Европа, како и при вработувања.

Листа на испити кои не треба да се полагаат со сертификати од конференциите може да погледнете на овој ЛИНК

 

Локација и технички инструкции:

1. Конференцијата New Technologies and Good Governance, Challenges and Opportunities for 21 Century Democracy, започнува на 09 јануари и трае до 13 јануари 2017

2. Конференцијата  FULL DESIGN, Made in Milano, започнува на 11 јануари и трае до 15 јануари 2017 година.

Локацијата на двете конференции е главниот кампус на ФОН Универзитет во Скопје.

За време на конференцијата учесниците имаат две кафе паузи како и обезбеден ручек дневно.

Во цената на школите влегуваат и сите дополнителни научни материјали. 

Цената за учество со сите вклучени трошоци изнесува 6100 денари.

Двете конференции ќе имаат по 6 часа дневни предавања, со Case studies од професорите на трите универзитети. Работните јазици (со обезбеден превод) се Англиски, Македонски, Турски.

 

 

По завршување на конференциите, партиципиентите ќе добијат меѓународно верификуван сертификат со ЕКТС кредити, кои се употребуваат согласно горе наведените параметри.

Студентите и младите професионалци кои се заинтересирани за учество на конференцијата, своите лични податоци треба да ги остават во формуларот. 

Идните партиципиенти, треба да ги остават своите податоци во следниот формулар:

НАПОМЕНА: Конференциите се ограничени на 300 партиципенти заради ограничените капацитети за сместување и превоз. Местото на учесник ќе се определи на принципот, прв регистриран, прв услужен! 

Уплатата се врши на жиро сметката на ФОН 300-000-003-207-729 Депонент Комерцијална Банка, СО НАЗНАКА ЗА ЗИМСКА КОНФЕРЕНЦИЈА. ЗАРАДИ ПРАЗНИЦИТЕ, ЗА ВРЕМЕ НА УТРИНСКАТА РЕГИСТРАЦИЈА ПАРТИЦИПИЕНТИТЕ ЌЕ МОЖЕ ДА ЈА ПЛАТАТ КОТИЗАЦИЈАТА.

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?