Први меѓународни зимски школи во Македонија

Универзитетот ФОН поддржан од Титаниум Капитал од САД а во соработка со Универзитетот во Валенсија, Политехнико ди милано и Бертоне дизајн, за прв пат во Македонија организира две интернационални зимски школи за македонските студенти.

Првата школа чии експертски предавачи беа професори од Валенсија и Брисел, се фокусираше на имплементација на нови протоколи при добро владеење и јавна администрација, демократски практики и механизми за професионализација на македонското општество, користејќи ги европските искуства. Најдобрите студенти од оваа зимска школа се наградени со платена практична работа во САД во текот на летото, од страна на Титаниум капитал.

Втората школа која беше во соработка со Политехнико ди милано и Бертоне дизајн академијата, пред студентската публика ги пренесе најновите трендови во областа на графичкиот и моден дизајн, како и современите концепти во архитектурата. Паралелно со зимската школа беа организирани и две големи работилници. Бертоне дизајн ги награди најдобрите кандидати кои на зимската школа изработија дизајн за "Скејтборд" а  дизајнот ќе биде заштитен и со нивното име ќе биде дел од производството на светскиот пазар под капа на компанијата за производство на скејтборди " Fomento" . Дополнително студентите ќе добијат и можност за работа и практично искуство во Милано.

Зимските школи се дел од програмата на Универзитетот ФОН наречена “New Generation” која го трансформира ФОН во универзитет од трета генерација, преку соработка со најелитните светски универзитети и најголемите компании. Целта на програмата е во периодот од пет години да обучи доволен број на млади и квалификувани кадри кои ќе бидат конкурентни на светскиот пазар на работна сила, а своите капацитети ќе ги искористат за ревитализирање и професионализирање на македонската економија.

Универзитетот ФОН во текот на ова лето, го реформираше и интернационализираше својот управен одбор со цел да се поддржи и спроведе “New Generation” програмата.

- Проф. д-р Карлос Флорес од Универзитетот во Валенсија.

- Проф. д-р Сам Потоличио. Професор Потоличио е директор на Глобалното и прилагодено образование на McCourt Факултетот за јавна политика на Универзитетот Џорџтаун.

- Проф. Алдо Чиголани. Чинголани е CEO на компанијата БЕРТОНЕ од Милано.

- Г-дин Хусеин Хисну Караколикчу. Караколикчу има богата биографија во сферата на лравото. Магистрирал во Париз а служел на многу државни позиции во Р.Турција.

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?