Стипендии за кампањата "И во Македонија се може 2.0 - New Generation Program"

Стипендии за кампањата "И во Македонија се може 2.0 -  New Generation Program"

Веќе 11 години Универзитетот ФОН ја спроведува кампањата „И во Македонија се може“. Преку оваа кампања 1000 стипендисти во изминативе 10 години се гордост на Универзитетот.

Стипендистите кои биле дел од оваа кампања се добитници на награди од Обединетите нации, Светска банка, Микрософт, Хјулит Пакард. Истите работат во Европската Комисија, како млади истражувачи на светски универзитети, меѓународни и домашни компании и институции.

Од оваа година Универзитетот ФОН заедно со своите партнери (Valencia University, Bertone Design Academy, Politechnico di Milano и George Town University и стратешкиот партнер Titanium Capital) ја проширува кампањата за стипендирање на млади умови од Македонија кои се во потрага по меѓународно образование и дипломи.

  1. Стипендистите се ослободени од финансиски обврски за студирање
  2. Стипендистите на ФОН Универзитет ќе работат под посебен менторски систем со странските професори и експерти од Титаниум капитал
  3. Универзитетот ќе ги покрива сите дополнителни трошоци во сферата на неформалното образование и пракса во меѓународни компании
  4. Стипендистите ќе бидат дел од платформата за доживотно образование
  5. Стипендистите ќе бидат дел од бизнис инкубаторот во кој со финансиска поддршка од Универзитетите во Валенсија, Милано и Вашингтон ќе може да ги развиваат своите бизнис идеи и креативни процеси, start-up’s, апликации и компании.

Селекција на стипендисти:

Прво тестирање – Мај 2017, online полагање на тест кој ќе содржи општо-образовни компоненти. Преку овој тест се утврдува способноста за логицирање, брзо решавање на проблеми и креативноста на кандидатите.

Второ тестирање – Мај 2017, интервју кое ќе биде спроведено со селектираните кандидати од страна на Универзитетска комисија во која членуваат и надворешни експерти од областа на факултетот на кој аплицираат кандидатите.

Процесот на аплицирање е едноставен и потребно е да се пополни следниов формулар. По завршување на процесот на аплицирање, кандидатите ќе бидат контактирани од страна на универзитетот за да добијат понатамошни инструкции пред првото тестирање.

ПОТСЕТУВАМЕ ДЕКА ПРАВО НА АПЛИЦИРАЊЕ ИМААТ САМО ОНИЕ КАНДИДАТИ КОИ СЕ ОВАА ГОДИНА МАТУРАНТИ.

КЛИКНЕТЕ НА ОВОЈ ЛИНК ЗА ДА АПЛИЦИРАТЕ / ФОРМУЛАР ЗА АПЛИКАЦИЈА

 

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?