Конкурс за ораторски вечери

К О Н К У Р С

ЗА НАТПРЕВАР ВО ОРАТАТОРСТВО – ПРЕДИЗВИК НА ГОВОРНИКОТ

Имаме чест и задоволство да Ве поканиме на вториот натпревар во ораторство од јавен карактер во организација на ФОН Универзитет. Сите студенти кои студираат на акредитирани високобразовни установи во Република Македонија имаат право на учество. Истовремено ги охрабруваме и ги покануваме младите луѓе со развојни потешкотии кои се на студии да се пријават на конкурсот. Крајниот рок за пријавување е 29 април 2017 година.Натпреварот ќе се одржи 10 мај (среда) во 18:30 часот во свечениот амфитеатар на ФОН Универзитет. Најдобрите тројца студенти ќе бидат наградени.

Студентите ќе се натпреваруваат во  дисциплина - Подготвен говор

 Темата за подготвениот  говор е:  УСПЕХОТ НЕ Е КОНЕЧЕН, НЕУСПЕХОТ НЕ Е ФАТАЛЕН, ХРАБОРСТА ДА СЕ ПРОДОЛЖИ Е ТОА ШТО Е ВАЖНО!

Правила и начини за подготовка на ваквиот говор

  1. Говорот и импровизацијата ќе бидат на Македонски јазик
  2. Говорникот мора да подготви оригинален говор кој е информативен, интересен и убедлив
  3. Текстот на треба да содржи повеќе од 10% цитати
  4. За време на говорот се користат белешки кои му помагаат на говорникот, но цитатите кои се користат не смеат да се читаат
  5. Кога натпреварувачот ќе заврши со својот говор останува во просторијата за да ги ислуша говорите на останатите учесници
  6. Максималната граница на говорење изнесува 5 минути. Долна граница нема
  7. Сите говори ќе имаат 15 секунди грејс период почнувајќи од моментот кога е даден стоп сигналот. На крајот од 15-те секунди говорникот ќе биде запрен од страна на судијата и сето она што е кажано потоа нема да се земе во предвид

Говорниците треба да го пополнат формуларот за електронско аплицирање на крајот на овој конкурс, по што стручна комисија ќе избере 12 најдобри говорници кои ќе учествуваат на ораторската вечер.  

Пријавите треба да бидат доставени најдоцна до 29 април 2017 г.

Целокупниот настан ќе се пренесува во живо преку radiomof.mk како и прикажан на националните телевизии.

Дополнителни информации може да се добијат на 02 2 44 55 03 

 

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?