Гостинско предавање на еминентни професори по архитектура

Забележливата деградација на архитектурата во Република Македонија, која е особено впечатлива во градот Скопје , но и деградација на самата професија,беше повод, Архитектонскиот Факултет при ФОН Универзитетот во Скопје да организира јавнo предавање на тема “RETURN TO EMIC -ETIC OF ARCHITECTURE“.

Со цел на младите талентирани студенти да им се акцентира суштината на архитектурата преку реализирани проекти, го поканивме познатиот европски архитект Геза Огоновски да презентира специфичен начин и пристап кон адаптирање на еден стар објект во модерен хотелски комплекс низ примерот со “ Hotel Courtyard by Marriott Brussels EU District “.

Бардот на архитектониката на македонската современа архитектура проф. д-р Митко Хаџи-Пуља низ инспиративна презентација на темата „ Учење од архитектурата – просторот како вредност “ подготвена во соработка со проф.д-р Минас Бакалчев и проф. д-р Виолета Бакалчев , не повика да ја доживееме архитектурата како поим, целина и време , истакнувајќи ја нејзината мултимедијална вредност.

Пред студентите на Архитектонскиот факултет и Факултетот за дизајн и мултимедија при Првиот Приватен Универзитет ФОН и сите останати гости предавање одржа корифејот на архитектурата и најискусниот меѓу првите , проф д-р Георги Константиновски претставувајќи ги ремек-делата на светски познатите архитекти John Johanes и Eero Sarrien фотографирани на дијапозитиви лично од него низ ракурсот на успешен архитект. Презентацијата ја акцентираше функционалната употреба на објектите денес.

По предавањата беше отворена и првата изложба на дела, макети и најдобри проекти изработени од студентите на Архитектонскиот факултет при ФОН Универзитетот.

Дополнително посебен гостин на денешното предавање беше и Почесниот доктор на ФОН Sунивезитет проф. Геза Огоновски

.

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?