Ораторски вечери на ФОН Универзитет

Универзитетот ФОН ги организираше традиционалните ораторски вечери – “Предизвик на говорникот.”

На ораторските вечери учествуваа 13 студенти од повеќе универзитети во Македонија чии говори беа на однапред зададената тема:  УСПЕХОТ НЕ Е КОНЕЧЕН, НЕУСПЕХОТ НЕ Е ФАТАЛЕН, ХРАБОРСТА ДА СЕ ПРОДОЛЖИ Е ТОА ШТО Е ВАЖНО!

Настанот кој е прв од ваков вид кај нас во високото образование, покрај негувањето на ораторските квалитети, вистински го имплементира и концептот на социјална инклузија со својата отвореност и за студенти со развојни потешкотии и телесни инвалидитети, па така меѓу ораторите свои говори имаа и студенти кои секојдневно се соочуваат со овие пречки. Пет од говорниците беа студенти со развојни потешкотии  - Даунов синдром, церебрална парализа, целосно оштетен вид и телесен хендикеп.

Сите оратори се натпреваруваа под исти правила и исти услови.

Овогодинешната победничка е Нина Костовска. Студент на четврта година на катедрата по Македонски јазик и литература. Пошироката јавност ја познава Нина како заштитно лице на УНИЦЕФ во нивната кампања за поддршка на лицата со Даунов синдром.

Второто место го освои Горјан Бошевски, магистрант на правниот факултет.

Третото место го освои Ема Анамијевска, студент на музичка академија со целосно оштетен вид.

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?