Летна школа во Валенсија-Шпанија

Универзитетот ФОН поддржан од Титаниум Капитал од САД а во соработка со Универзитетот во Валенсија, ја организира летната школа во Валенсија - Шпанија. 

Темат на школата е: 

FIGHTING CORRUPTION AND MODERNIZING PUBLIC ADMINISTRATION: STRENGTHENING ACCOUNTABILITY IN 21ST CENTURY DEMOCRACY

Експертски предавачи од Валенсија  ќе се фокусираат на имплементација на нови протоколи при добро владеење и јавна администрација, демократски практики и механизми за професионализација на македонското општество, користејќи ги европските искуства. Најдобрите студенти од оваа летна школа ќе бидат наградени со платена практична работа во САД во текот на летото, од страна на Титаниум капитал.

Школата ќе се одржи од 1 до 8 јули 2017 во Валенсија.

Целосната програма за школата и курсевите по кои се признаваат и ЕКТС може да ја превземете на овој линк: https://drive.google.com/open?id=0B5PgQvq0ZQTsVTRDeUpuQnhYZzQ 

Цената во која е вклучено котизација за учество, хотелско сместување во Валенсија, пат, попатно спиење во Милано и храна за 8 дена изнесува 450 евра.

Сместувањето е во Residence hall in Valencia: Damia Bonet 

Последниот рок за аплицирање е 30 мај 2017 година. Апликантите треба да го пополнат следниов формулар:

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?