Конкурс за упис на студенти за 2017-2018

Врз основа на член 57, алинеа 2, а во врска со член 108 став 2 од Законот за високото образование Ректорската управа на Првиот приватен универзитет - ФОН распишува:

 

К  О  Н  К  У  Р  С

за запишување студенти на прв циклус студии во академската 2017/2018 година

 

Во академската 2017/2018 година можат да се запишат вкупно 2.006 студенти (на прв и втор циклус), во Скопје и дисперзираните одделенија во Струмица и Струга, на студиските програми на факултетите во состав на ФОН Универзитетот.

 

1. На прв циклус студии, во академската 2017/2018 година кандидатите можат да се  запишат на следните студиски програми на следните факултети во состав на ФОН Универзитетот:

 

  1. ФАКУЛТЕТ ЗА ПРАВНИ НАУКИ:
  • Студиска програма за додипломски правни студии, тригодишни студии (180 кредити). Наставата, покрај на македонски јазик, ќе се реализира и на албански јазик.
  • Студиската програма Меѓународно право и право на ЕУ прв циклус тригодишни студии на англиски јазик (180 кредити)

 

1.2 ФАКУЛТЕТ ЗА ЕКОНОМСКИ НАУКИ:

  • Студиска програма Економија, четиригодишни студии (240 кредити), на насоките:

            - Финансии

- Бизнис менаџмент

- Маркетинг

- Туризам

Наставата на насоките Финансии, Бизнис менаџмент и Маркетинг, покрај на македонски јазик, ќе се реализира и на албански јазик.

 

1.3. ФАКУЛТЕТ ЗА ДЕТЕКТИВИ И БЕЗБЕДНОСТ:

  •  Студиска програма Криминалистика, четиригодишни студии (240 кредити). Наставата, покрај на македонски јазик, ќе се реализира и на албански јазик.

 

1.4 ФАКУЛТЕТ ЗА ПОЛИТИЧКИ НАУКИ И ДИПЛОМАТИЈА:

  • Студиска програма Политички науки и дипломатија, четиригодишни студии (240 кредити), на модулите:

            - Внатрешна политика

            - Меѓународна политика и дипломатија

Наставата, покрај на македонски јазик, ќе се реализира и на албански јазик.

  • Студиската програма Надворешна политика и дипломатија, тригодишни студии на англиски јазик (180 кредити).

 

1.5 ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИКА:

  • Студиска програма Информатика, четиригодишни студии (240 кредити), на модулите:

      - Софтверско инженерство

      - Компјутерско инженерство

      - Информатичко образование

  • Студиска програма Бизнис информатика, четиригодишни студии (240 кредити)

 

  1. ФАКУЛТЕТ ЗА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ:
  • Студиска програма, четиригодишни студии (240 кредити), на насоките:

Наставна насока

- Бизнис насока

 

1.7 ФАКУЛТЕТ ЗА ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈА:

  • Студиска програма Дизајн и мултимедија, четиригодишни студии (240 кредити), од областа на:

                        - Графички дизајн

- Мултимедија

- Моден дизајн

 

1.8 ФАКУЛТЕТ ЗА СПОРТСКИ МЕНАЏМЕНТ:

  • Студиска програма Спорт и спортски менаџмент, четиригодишни студии (240 кредити), на модулите:

            - Спорт и физичко образование

            - Спортски менаџмент

 

1.9 АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ:

  • Студиска програма Архитектура, четиригодишни студии (240) кредити. Наставата, покрај на македонски јазик, ќе се реализира и на англиски јазик.

 

Забелешка: Сите студиски програми, со исклучок на студиските програми на Факултетот за правни науки и студиските програми за студии на англиски наставен јазик на Факултетот за правни науки и Факултетот за политички науки, се во постапка за акредитација. Доколу Одборот за акредитација и евалуација на високото образование не донесе решенија за акредитација на студиските програми до почетокот на академската 2017/2018 година, ќе се реализираат постоечките, акредитирани студиски програми:

  • Факултет за економски науки, тригодишни студии (180 кредити), на насоките:

- Финансиски и банкарски менаџмент

- Бизнис менаџмент

Маркетинг

- Осигурување

- Туризам

  • Факултет за детективи и безбедност, студиска програма тригодишни студии (180 кредити)
  • Факултет за политички науки и дипломатија, студиска програма тригодишни студии (180 кредити)
  • Факултет за информатика, тригодишни студии (180кредити):

- Студиска програма Информатика

- Студиска програма Бизнис информатика

  • Факултет за странски јазици, четиригодишни студии (240 кредити) на насоките:

- Наставна насока

- Бизнис насока

- Преведување и толкување

  • Факултет за дизајн и мултимедија, студиска програма, тригодишни студии  (180 кредити) на насоките:

            - Графички дизајн

- Дизајн-мултимедија

- Моден дизајн

  • Факултет за спортски менаџмент, тригодишни студии од прв циклус (180 кредити)
  • Архитектонски факултет, студиска програма Архитектура, тригодишни студии (180 кредити)

 

 

2. Студиите се реализираат во Скопје, како и во дисперзираните одделенија во Струга и Струмица.

 

3. Доколку на одредена студиска програма се пријават помалку од 15 кандидати кои исполнуваат услови за запишување во прва година на прв циклус, ФОН Универзитетот има право да не започне со настава на таа студиска програма, а на пријавените кандидати ќе им понуди да се запишат на некоја од другите студиски програми.

 

4. Кандидатите се запишуваат како редовни студенти. Кандидатите кои имаат засновано работен однос или кои поради здравствени причини не се во можност редовно да ја следат наставата, можат да се запишат како вонредни студенти.

 

5. Право на запишување во прва година на прв циклус студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование кои имаат положено државна или меѓународна матура. Кандидатите кои средното образование го стекнале во странство треба да имаат решение од Министерството за образование и наука на Република Македонија за признавање на странска диплома во ранг на четиригодишно средно образование. Право на запишување имаат и кандидатите кои завршиле средно образование пред учебната 2007/2008 година и не полагале државна матура.

 

6. Рангирањето на пријавените кандидати се врши врз основа на вреднување изразено во поени за успехот од средното образование и државната матура, односно, училишната матура или завршниот испит. Кандидатите кои имаат завршено средно образование пред 2007/2008 година и кандидатите кои завршиле средно образование во странство, се запишуваат само врз основа на успехот од средното училиште.

 

7. Студирањето на ФОН Универзитетот е со самофинансирање. ФОН Универзитетот ќе склучи поединечни договори со секој кандидат кој се запишал на студии на факултетите во состав на ФОН Универзитетот, каде ќе биде утврдена висината на годишната школарина.

 

Постапка и рокови за пријавување и изведување на упис

- прв  уписен рок  -  од распишување на конкурсот до 30.6.2017

  - втор уписен рок  -  од 3.7.2017 до 5.9.2017

  - трет уписен рок  -  од 6.9.2017 до 29.9.2017

 

При пријавување за упис е потребна следната документација:

- Свидетелства од сите четири години на средно образование;

- Додаток на сведетелство;

- Диплома за положена државна, меѓународна или училишна матура, или завршен испит од средно стручно образование;

- Извод од матична книга на родените;

- Уверение / Решение за државјанство;

Доколку кандидатот се стекнал со средно образование во странство, кандидатот доставува и Решение од Министерство за образование и наука на Република Македонија за признавање на средно образование стекнато во странство, како и документите врз основа на кои е извршено признавањето, во оригинал и нотарски заверен превод на македонски јазик, а кандидати со странско државјанство доставуваат и лекарска потврда за направен ХИВ тест и тест за хепатит Ц.

 

Сите документи се доставуваат во оригинал, секој ден од понеделник до сабота од 08:00 до 16:00 часот на ФОН Универзитетот во Скопје и на одделенијата во Струга и Струмица.

 

К О Н К У Р С

за запишување студенти на втор циклус студии во академската 2017/2018 година

 

1. На втор циклус студии, во академската 2017/2018 година кандидатите можат да се запишат на студиски програми на следните факултети во состав на ФОН Универзитетот во Скопје:

 

  1. ФАКУЛТЕТ ЗА ПРАВНИ НАУКИ:
  • Студиска програма стручни правни студии, едногодишни студии (60 кредити)
  • Студиска програма последипломски стручни правни студии, двегодишни студии (120 кредити), на насоките:

            - Правосудни студии, модул:

                        - граѓанско право

                        - казнено право

            - Бизнис право

            - Меѓународно право и право на ЕУ

  • Студиска програма последипломски академски правни студии, двегодишни студии (90 кредити), на насоките:

            - Правосудни студии, модул:

                        - граѓанско право

                        - казнено право

            - Бизнис право

            - Меѓународно право и право на ЕУ

Наставата, покрај на македонски јазик, ќе се реализира и на албански јазик.

  • Студиската програма Меѓународно право и право на ЕУ двегодишни студии (120 кредити) на англиски јазик.

 

1.2 ФАКУЛТЕТ ЗА ЕКОНОМСКИ НАУКИ:

  • Студиска програма Економија, едногодишни студии (60 кредити) на насоките:

- Финансии

- Бизнис менаџмент

- Маркетинг

- Туризам

Наставата на насоките Финансии, Бизнис менаџмент и Маркетинг, покрај на македонски јазик, ќе се реализира и на албански јазик.

                                   

  1. ФАКУЛТЕТ ЗА ДЕТЕКТИВИ И БЕЗБЕДНОСТ:
  • Студиска програма Безбедност, едногодишни студии (60 кредити) за кандидати со стекнати 240 кредити од прв циклус студии и 
  • Студиска програма Безбедност, двегодишни студии (120 кредити) за кандидати со стекнати 180 кредити од прв циклус студии

Наставата, покрај на македонски јазик, ќе се реализира и на албански јазик.

 

1.4 ФАКУЛТЕТ ЗА ПОЛИТИЧКИ НАУКИ И ДИПЛОМАТИЈА:

  • Студиска програма политички науки и дипломатија, едногодишни студии (60 кредити) за кандидати со стекнати 240 кредити од прв циклус студии, на модулите:

- Внатрешна политика

- Меѓународна политика и дипломатија

  • Студиска програма Политички науки и дипломатија, двегодишни студии (120 кредити) за кандидати со стекнати 180 кредити од прв циклус студии

- Внатрешна политика

- Меѓународна политика и дипломатија

Наставата, покрај на македонски јазик, ќе се реализира и на албански јазик.

  • Студиската програма Надворешна политика и дипломатија, двегодишни студии на англиски јазик (120 кредити)

 

1.5. ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИКА:

  • Студиска програма Информатика едногодишни студии (60 кредити) за кандидати со стекнати 240 кредити од прв циклус студии, на модулите::

- Софтверско инженерство

- Компјутерско инженерство

  •  Студиска програма Бизнис информатика едногодишни студии (60 кредити) за кандидати со стекнати 240 кредити од прв циклус студии, на модулите:

 

1.6. ФАКУЛТЕТ ЗА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ:

  • Студиска програма, едногодишни студии (60 кредити) за следните насоки:

- Применета лингвистика (англиски јазик)

- Меѓународен бизнис

 

1.7. ФАКУЛТЕТ ЗА ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈА:

  • Студиска програма Дизајн и мултимедија, едногодишни студии (60 кредити)  за кандидати со стекнати 240 кредити од прв циклус студии, од областа на:

- Графички дизајн

- Мултимедија

- Моден дизајн

  • Студиска програма Дизајн и мултимедија, двегодишни студии (120 кредити)  за кандидати со стекнати 180 кредити од прв циклус студии, од областа на:

- Графички дизајн

- Мултимедија

- Моден дизајн

 

1.8 ФАКУЛТЕТ ЗА СПОРТСКИ МЕНАЏМЕНТ:

  • Студиска програма Спорт и спортски менаџмент, едногодишни студии (60 кредити)  за кандидати со стекнати 240 кредити од прв циклус студии, на модулите:

- Спорт и физичко образование

            - Спортски менаџмент

 

1.9. АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ

  • Студиска програма Архитектура, едногодиши студии (60 кредити).             Наставата, покрај на македонски јазик, ќе се реализира и на англиски јазик.

 

Забелешка:Сите студиски програми, со исклучок на студиските програми на Факултетот за правни науки и студиските програми за студии на англиски наставен јазик на Факултетот за правни науки и Факултетот за политички науки се во постапка за акредитација. Доколу Одборот за акредитација и евалуација на високото образование не донесе решенија за акредитација на студиските програми до почетокот на академската 2017/2018 година, ќе се реализираат постоечките, акредитирани студиски програми:

 

- Факултет за економски науки, едногодишна и двегодишна студиска програма, на насоките:

- Финансиски и банкарски менаџмент

- Бизнис менаџмент

- Маркетинг

 

- Факултет за правни науки, едногодишна и двегодишна студиска програма на насоките:

- Правосудни студии, модул:

            -Граѓанско право

                        -Казнено право

- Бизнис право

- Меѓународно право и право на ЕУ

 

-  Факултет за детективи и безбедност, едногодишна и двегодишна студиска програма

- Факултет за политички науки и дипломатија, студиска програма Креирање јавни политики и управување со јавен сектор,  едногодишни и двегодишни студии  на модулите:

- Надворешна политика

- Внатрешна политика 

 

- Факултет за информатика, на студиската програма:

- Информатика

-модул: Софтверско инженерство, едногодишна и двегодишна студиска програма

-модул: Компјутерско инженерство, едногодишна и двегодишна студиска програма

-модул: Информатичко образование, едногодишна студииска програма

- Бизнис информатика, едногодишна и двегодишна студиска програма

 

- Факултет за странски јазици (петта година), едногодишни студии на насоките:

- Применета лингвистика (англиски јазик)

- Меѓународен бизнис

 

- Факултет за дизајн и мултимедија, едногодишни и двегодишни студии на насоките:

- Графички дизајн

- Дизајн-мултимедија

- Моден дизајн

 

- Факултет за спортски менаџмент, студиска програма спортски менаџмент, двегодишни студии

 

- Архитектонски факултет, двегодишни студии на насоките:

- Архитектонско проектирање

- Внатрешна архитектура

- Урбанистичко проектирање и планирање

 

Настава на втор циклус студии се организира во Скопје.

 

2. Доколку на одредена студиска програма се пријават помалку од 10 кандидати кои исполнуваат услови за запишување на втор циклус, Универзитетот има право да не започне со настава на таа студиска програма, а на пријавените кандидати ќе им понуди да се запишат на некоја од другите студиски програми.

 

3. На  двегодишна студиска програма од втор циклус можат да се запишат кандидати кои завршиле соодветни студиски програми од прв циклус со стекнати најмалку 180 ЕКТС кредити,

На едногодишна студиска програма од втор циклус студии можат да се запишат кандидати кои завршиле соодветни студиски програми со стекнати најмалку 240 ЕКТС кредити.

На втор циклус може да се запишат и кандидати кои имаат стекнато VII/1 степен од завршени додипломски студии пред воведување на ЕКТС системот на студирањето.

 

4. Студирањето на ФОН Универзитетот е со самофинансирање. ФОН Универзитетот ќе склучи поединечни договори со секој кандидат кој се запишал на студии на факултетите во состав на ФОН Универзитетот, каде ќе биде утврдена висината на годишната школарина.

 

 

Постапка и рокови за пријавување и изведување на упис

- прв уписен рок   -  од распишување на конкурсот до 05.09.2017

- втор уписен рок  -  од 06.09.2017 до 29.09.2017

- трет уписен рок  -  од 02.10.2017 до 30.11.2017

 

При пријавување за упис потребна е следната документација:

- Пријавен лист

- Диплома/уверение за завршен прв циклус на студии

- Извод од матична книга на родени

- Уверение / Решение за државјанство;

 

Доколку кандидатот завршил прв циклус студии во странство, потребно е и Решение од Министерство за образование и наука на Република Македонија за признавање на образованието стекнато во странство.

 

За странските државјани потребни се истите документи, во оригинал и нотарски заверен превод на македонски јазик, како и лекарска потврда за направен ХИВ тест и тест за хепатит Ц.

 

Сите документи се доставуваат во оригинал, секој ден од понеделник до сабота од 08:00 до 16:00 часот на ФОН Универзитетот во Скопје и на одделенијата во Струга и Струмица.

 

ПРВ ПРИВАТЕН УНИВЕРЗИТЕТ - ФОН

Скопје, бул. Киро Глигоров бр. 5, тел. 02 / 2 44 55 55;   02 / 2 44 55 05;   02 / 2 44 55 01

Струга, ул. ЈНА б.б., тел. 046 / 78 50 45; 046 / 78 50 00

Струмица, ул. Елка Јанева б.б., тел. 034 / 32 02 50

www.fon.edu.mk

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?