Универзитетот ФОН ко-организатор на Меѓународна конференција за англискиот јазик во струка

Во периодот од 3-7 јули 2017 на Универзитетот во Ниш во Република Србија се одржува конференцијата ESP 2017, Establishing the predominant position of ESP within Adult ELT.

За време на посетата од страна на претставници од Факултетот за странски јазици се остварени контакти како можност за заеднички истражувања и размена на наставните искуства во оваа област со универзитети од Литванија, Полска, Русија, Бугарија, Црна Гора, САД и др.

Согледувајќи ја важноста на интегрираниот пристап при кој јазикот се изучува напоредно со содржината на определен стручен домен, како и заради понатамошно професионално усовршување на студентите и овозможување развој во кариерата, процесот на учење и настава на англискиот јазик се карактеризира со ориентација на содржината кон професионалните потреби на студентот.

Под Јазик во струка се подразбираат специјализирани вариетети во рамките на јазикот, како јазични потсистеми во кои по пат на терминолошки и други јазични средства се цели кон недвосмислена комуникација во одделните стручни домени.

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?